Антиреформската влада на СДС државата ја задолжува со енормни суми на пари. СДС без срам ги задолжува граѓаните на Република Македонија секој ден со нови 1.7 милиони евра. За неполни два месеци долгот достигна 70-тина милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Згора на се, со предложениот ребаланс на буџет „домаќинската влада“ предвидува задолжување на државата за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното. Тевдовски и Заев досега успешно ја туркаат државата во долгови. Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлија долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористија и обврски кои се уште не се доспеани за наплата, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираа дека неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски е очигледна, што претставува дополнителна опасност по целокупната држава.
-Министерот за финансии во рекордно време успеја да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи. Граѓаните сакаат да имаат увид каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толку огромни суми на пари. Време е владата на СДС сериозно да си ја сфати работата и да започне да работи на исполнување на дадените ветувања за минималната плата од 16.000 денари, просечната плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. Граѓаните не се должни да ги плаќаат со свои пари луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Згора на се, со предложениот ребаланс на буџет „домаќинската влада“ предвидува задолжување на државата за 150 милиони евра кои се пове