Разведена сум веќе две години, а живеам на село кај брат ми и снаа ми. Како млада се омажив за мојот поранешен маж и исто така млада добив дете.Се занимававме со земјоделство и имавме добар брак, барем така мислев јас. Нашиот брак стана рутина со тек на време. Како млад пар излегувавме до соседниот град, но со време и тоа не го правевме…
Мојот сопруг, покрај земјоделството, работеше и како чувар во едно складиште, па беше лесто отсутен, а сексот во последната година од бракот речиси и го немавме. Сепак, јас слепо верував дека нашиот брак е совршен и сега од оваа дистанца ми делува смешно мојата невиност.
Таа ноќ кога сѐ пукна и ден денеска стои во мојата глава. Едноставно и после две години не можам да дојдам при себе и да издржам од сцената која ја видов.
Работеше ноќна смена тогаш и рече дека ќе остане подолго време на работа. Беше летна ноќ и јас не можев да заспијам. Се превртував во кревет и околу два ипол одлучив да излезам на воздух, бидејќи летната ноќ на село е нешто најубавото што може да се види.
Покрај нашата куќа се наоѓа шталата на соседот во која чуваа неколку крави. Тој сосед со никој не разговараше во селото, а неговата жена е вистинска змија која нас неколку пати нѐ тужеше поради оградата која наводно е на нивниот имот. Таа сѐ правеше, а тој кутриот не беше толку лош.
Забележав дека кравите им се вознемирени, но како и да слшнав гласови кои доаѓаат баш од шталата, бидејќи навечер сѐ се слуша. Не обрнував внимание бидејќи мислев дека неговата жена повторно направила некој хаос. Сепак, не знам од која причина се упатив кон шталата.
Како што се приближуав до шталата, јасно се слушаше дека внатре има некој. Со оглед дека не беше заградено, веднаш се упатив кон вратата која беше малку отворена. Мојот сопруг со спуштени панталони, а сосетката целосно гола лежи во сеното. Останав вкочанета од сцената, целиот живот ми се помина низ глава за само неколку секунди. Почувствував мачнина и почнав да повраќам. Ме видоа, но тоа ништо не промени. Ни човекот кој го сакав, ни жената која ја мразев. Животот ми се згади.
Само успеав да изустам: „Ти си најодвратниот човек кој некогаш сум го запознала.“
Утредента си заминав од кај него и се преселив кај мојот брат на село.Се занимававме со земјоделство и имавме добар брак, барем така мислев јас. Нашиот брак стана рутина со тек на време. Како млад пар излегувавме до с