И тоа го пробаа таму каде што не требаше.Дали некогаш сте пробале бели бубрези? Вистинското име на овој специјалитет е „тестиси од бик“. Се вели дека ова јадење е најсилниот афродизијак, а еве ја и приказната на двете девојки кои пробаа комбинација од цимет и црно чоколадо и раскажаа што им се случило.
За наша среќа, дури и најстарите ресторани кои ги посетивме го немаа овој специјалитет за подигање на…расположението. Бидејќи ни фалеше вистинската алатка за работата, најдовме само една подобра работа, односно афродизијак за жени.
Цимет и црна чоколада. Тоа е тоа. Тоа наводно е сета потребна магија за од Кејт Мидлтон да ја направите Мајли Сајрус. Најпрво се смеевме. А потоа, го пробавме среде бел ден, и многу набрзо стана весело.
Мислам дека ми солзат очите, се пожали колешката од зад мониторот.
Немав време да ја погледнам. Зошто е волку топло овде? Смалете ја климата, надвор има 20 степени, се вмешав.
За тоа време, мојата соучесничка беше црвена како пиперка и се ладеше со раката.
Види, не е дека нешто многу делува, ама расположението ми порасна, се смееше таа.
Во меѓувреме, јас останав без кошула. Можеби заради шеќерот, можеби заради циметот, а можеби или заради некаква црна вуду магија, не можев да мрднам.
Додека траеше експериментот, чоколадото на мојот стол се намалуваше, а ми се менуваше и расположението. Не знам што ми е, но нешто ме дрма, објавив после два свртени кругови околу редакцијата.
Веројатно шеќерот, стопи пола чоколадо, велеа колегите.
И тогаш ми светна. Најсилното оружје на афродизијакот не е во бубрезите, бели или стандардни. Џабе ви се шпански мушички, крила од лилјаци и нокти од лемури. Најсилното оружје е моќта на автосугестијата. А таа секогаш функционира.
А сега извинете ме, одам да пратам една порака. И да купам малку цимет.Дали некогаш сте пробале бели бубрези? Вистинското име на овој специјалитет е „тестиси од бик“. Се вели дека ова јадење е најсилниот аф