Алија го запознала мрзливецот кога имала само два дена. Нејзината мајка е писател и ги едуцира децата за правата на животните и начинот на нега на животните. Алија и Џејзи станале најдобри пријателки, си играат заедно и спијат заедно.Бебињата се љубопитни суштества кои лесно се врзуваат за се околу себе. Но врската која ова бебе ја воспоставило со мрзлиец прераснала во вистинско пријателство.
Бебето Алија ја запознала Џејзи кога имала само два дена и од тогаш тие две се неразделни.
Џејзи за малата Алија е како вистинско кадифено мече со кое таа со задоволство си игра и со која спие заедно.
Родителите на Алија, Џулија Хекаторн(22) и Џејсон (35) од Вирџинија ја донеле Алија од болница истиот ден кога ја набавиле и Џејзи.
Тие веќе имаат кенгур, мравојад, верверичка и мачка.
Џулија пишува и илустрира серија детски игри под името „ Search for the Hidden Clover“, која ги бележи авантурите на животните во цел на едукација на децата за важноста на негата за околината.
Таа посетува и училишта ширум Америка каде на децата им ги чита своите книги на децата и каде им овозможува да се запознаат со некои од своите најомилени ликови.
Џулија и Џејсон долго време барале мрзливец за да го прошират својот едукационен тим, а потоа Џулија останала бремена. Како што вели, сосема случајно во ист ден во домот влегле и бебето и мрзливецот.
„Баравме мрзливец роден во Америка, кој е добро чуван и здрав и кој ќе биде погоден за едукација на децата во преиод од четири години. Се случи првиот таков да го најдеме кога се роди Алија. Алија ја родив две недели по рокот, па верувам дека ова се случи по Божји план. Мислам дека тој знаел дека можеме да се избориме со две бебиња во исто време и дека би било добро тие да растат заедно. Кога ги сместивме една до друга, Џејзи ја подушка Алја. Преслатки се кога се заедно. Им ставаме идентични ленти на главите. Нашиот кенгур, се уште доаѓа во нашата канцеларија и добро се сложува со нив“, раскажува Џулија.
Џејзи веќе почнала да оди со своите родители во училиштата и на тие патувања тие две уште повеќе се зближиле.Бебињата се љубопитни суштества кои лесно се врзуваат за се околу себе. Но врската која ова бебе ја воспоставило со мрзлиец прера



