Клои и Ени Верон биле мали кога сториле нешто незамисливо- со семејниот џип ја прегазиле сопствената мајка. Нивната приказна со брзина на светлината го обиколи светот, но наместо осуда, овие девојки добиле поддршка од сиот свет- а нивната мајка, која ја преживеала несреќата, станала вистински симбол на пожртвуваност и мајчинска љубов.Клои и Ени, во видеото кое е посветено на нивната мајка, објаснуваат како израснале во семејство полно со љубов и поддршка. Тие две имаат и помлад брат, и сите тројца се нашле во автомобилот тој кобен ден 1999 година, кога се случило нешто незамисливо.
Семејството Верон тргнало на одмор и одлучиле да изнајмат куќичка. Местото било прекрасно и лоциано на голема карпа. Биле пресреќни! Клои имала 7, Ени 5, а нивниот брат само 3 години. Но, кога дошле да ги порпишат документите за куќата, родителите, бабата и дедото излегле од автомобилот, и ги оставиле сами децата. Иако автомобилот не работел, а клучевите кај мајката- џипот почнал да се движи. Право кон карпата.
Тогаш мајката, без размислување, ја сторила единствената работа која можела да ја стори за да ги спаси децата- го жртвувала својот живот. Се фрлила под автомобилота клои и Ени објаснуваат дека автомобилот поминал преку некоја ипскнатина. Таа испакнатина била нивната мајка.
Таа испакнатина им го спасила животот. Благодарение на херојскиот чин на мајката, автомобилот успорил доволно за дедото да дотрча и да ја крене рачната сопирачка.
Иако по сите закони на физиката, тежината на џипот би требало да ја убие мајката- тоа не се случило! Преживеала, но останала парализирана од струкот надолу. Спак, ниту во еден момент не е покајала бидејќи знае дека ги спасила животите на своите деца- а тоа што е во инвалидска количка не ја спречило да дојде на училишна представа, тениски турнир или на било кое случување кое било важно за нејзините деца.
„Животот ѝ поделил тешки карти, но таа така ги составила да направат нешто прекрасно“, заклучуваат ќерките во емотивното видео.
Клои и Ени, во видеото кое е посветено на нивната мајка, објаснуваат како израснале во семејство полно со љубов и поддршка.



