Тие имаат големо срце

Наближува Европското кошаркарско првенство во Словенија и повеќето од националните селекции ги пополнуваат своите ростери. Наближува Европското кошаркарско првенство во Словенија и повеќето од националните селекции ги пополнуваат своите ростери. Горе доле се знаат играчките состави со кои ќе настапат националните селекции а богами кај повеќето сликата и не им е баш розева. Голем број селекции се соочени со откажувања од страна на нивните ,,големи ѕвезди”кои биле многу заморени од напорните сезони во нивните познати Европски и НБА клубови. Таква напорна сезона имаше и нашиот Перо Антиќ со Олимпијакос, капитенот стана по втор пат последователно и Европски шампион со својот клуб. Играч целосно етаблиран во светската кошарка, направи и трансфер во НБА лигата но тоа никако не го подзамисли повторно да се јави како регрут во националниот состав. Сељациве у државава јадеа трици по разни основи за Перо но нивниот најголем патриотизам е секако лупањето празна слама, лупањето у тастатура и ширењето малодушност. Човекот сака да игра за Македонија алоо…Човекот е докажан светски кошаркар и не го прави тоа за себепромовирање. Ај бе одете дркајте на некој порносајт баталете го Перо Антиќ….
И додека некои се уморни, ги болат прстињата или искрено кажано ги боли Тасе за својата национална селекција уште еднаш со големо срце се покажа друг наш спортски воин. Тодор Гечевски! Човекот кој клучниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Литванија против Велика Британија го одигра со скршен нос. Со набиени тампони во носната шуплина и со болка до коска не се штедеше од бескомпромисната битка со Британците под кошевите ами напротив…Со секој поен и секоја блокада ја излуди публиката, атмосферата ја подигна до врв а Британците ги сомлевме као смеса за праење паштета. Тоше бил легенда од секогаш но тогаш постави и репер, граничник од каде треба да почнува љубовта кон националниот состав. Тоше настапи и на Европското во Литванија, заработи фрактура на подлактицата но за големиот Тоше ниту тоа не беше доволно да побара дозвола од своите лекари да продолжи да игра….ПУШТЕТЕ МЕ ВНАТРЕ, ИМАМ УШТЕ ЕДНА ЗДРАВА РАКА!
Повеќе на tzm.mkНаближува Европското кошаркарско првенство во Словенија и повеќето од националните селекции ги пополнуваат своите рост

Пронајдете не на следниве мрежи: