Тие сценарија за скршнување на астероидите од Земјата

Метеорскиот дожд кој во петокот погоди три рускиот области, при што беа повредени повеќе од илјада луѓе предизвикувајќи голем иматеријални штети, повторно во центарот на интересот ги врати можните сценарија со кои научниците сакат да спречат во Земјата да удри небеско тело, на пример како разорниот астероид од пред 66 милиони години кој придонел за брзото изумирање на диносаурусите.„Никој не предлага уништување на астероид со експлозија, сепак не сме во Холивуд бидејќи таквото средство би можел да се покаже поопасно од самата закана на астероидот“, рече за AFP Ерван Кервендал од Европската агенција за истражување на Вселената  EADS.Дури и пред астероидот 2012 DA14 со пречник до околу 45 метри и маса од 130 тони, кој при судар со Земјата ќе предизвика експлозија чијашто моќноста би била еквивалент од детонација на 2,4 мегатони ТНТ да мине крај Земјата (во петокот на само 26.680 километри), кој според пресметките се покажа дека судир со нашата планета е исклучен, но сепак, неговата орбита ќе биде многу променета, научниците разгледуваа „три опции за скршнување на заканувачкиот објект, за да не удри во Земјата“.Европските научници предвидуваат дека „небескиот објект кој се движи со брзина од триесетина илјади километри на час треба да биде ’удрен’ во близина неговиот центар на гравитацијата и тоа не метар прецизно и под посебен агол за да се скршен од неговата траекторија“Таквото сценарио го разгледува и Кервендал, водител на проектот во одделот Астриум во EADS.Американците ја проучуваат можноста астероидот да се привлече со вселенско летало кое долгорочно би било стационирано во близина на астероидот и би послужило како гравитациски трактор реморкер, нешто слично како и една од руските опции. Притоа руските научници предлагаат и скршнување од траекторијата на астероидот предизвикано со потисок предизвикан со експлозија во близина на астероидот или насочување кон него на друго помало вселенско тело.Претставниците на сите овие проекти за заштита на Земјата од можен судир со астероид ќе се состанат во март во Брисeл на првиот годишен состанок во рамките на тригодишната програма на Европската унија под името NEO-Shield (Штит против објекти во близина на Земјата) кој беше покренат во 2012 година.Се очекува дека кон средината на 2015 година ќе биде избран „концептот кој би бил најефикасен и индустриски најизведлив“, а пота ќе треба уште повеќе години тој да стане оперативен.Кервендал истакнува дека нема причина за брзање, бидејќи заканата од удар на астероид во Земјата се очекува дури за стотина години. Отфрлена, е имено, заканата дека во Земјата би можел да удри железниот астероид Апофис предвидено за 2036 година.Траекторијата на астероидот 2012 DA14 со пречник од околу 45 метри и маса од 130 тони, може да предизвика моќност на експлозијата што ќе се случи во случај кога такво тело би се судрило со Земјата, еквивалентна на детонација на 2,4 мегатони ТНТ.Астероид со таква големина во случај на удар може да направи голема штета на површината на Земјата, а научниците сметаат дека удар на сличен вселенски објект ја предизвикал легендарната експлозија во Тунгуската област во Сибир во 1908 година, во која биле уништени повеќе од 2.000 квадратни километри шума.Метеоритот кој падна на мексиканскиот полуостров Јукатан пред 66 милиони години и за кој се претпоставува дека го предизвикал исчезнувањето на диносаурусите, имал пречник од 10 километри.
МакфаксМетеорскиот дожд кој во петокот погоди три рускиот области, при што беа повредени повеќе од илјада луѓе предизвикувајќ

Пронајдете не на следниве мрежи: