Тие се желни да ја кројат нашата судбина, но од кафеана!

Денес опозицијата не се појави во Парламентот. На закажаната седница на дневен ред беа пратеничките прашања, ама некому очигледно поважни му беа гастрономските.Пратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз реши пред  да влезе во салата да се загрее во италијанскиот ресторан  „Кај Џино„.
Арно ама како што е редот, надвор студено, а внатре пријатно, па зошто да не се стартува „со по една„. Колку за да се опуштат гласните жици за да може да се биде погласен во пратеничките прашањата. Но, на  опозоционата група од десетина пратеници изгледа им „легнаа„ мезето и пијалокот, па како што велат некои од присутните очевидци,  „една по една  до  сто и една„  голтка… и седницата може да почека. А ако се погоди и мезето, седницата може и да се одложи.  Кој сега ќе стаува да оди на седница?  Е арно ама, кога некој „одозгора „ ќе свика, некој мора и да е виновен. Нееее, никако пратениците. Виновен тој што навреме не ги прекинал во гурманлукот. Е кој  е тој кога сите беа на купче на иста локација?  Ама виновник секогаш има. Тешко е да го впериш прстот на тој што седел во кафеана до тебе,  ама затоа не е тешко да го набедиш оној што не ти може ништо. А кој друг ако не практикантот во пратеничката група и секако, секретарката на координаторот. Оти навреме не ги оттргнале од прегратките на кафеанскиот амбиент „Кај Џино„.  А што да се прави, кога таков им е опозицискиот табиет. Секогаш кога ќе ја опрскаш, набеди го својот  потчинет.  Така полесно се поднесува сопствениот пропуст!
Извор: Вистина.мкПратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз реши пред  да влезе во салата да се загрее во италијанскиот ресторан  „Кај Џино&bd

Пронајдете не на следниве мрежи: