Тие тврдат дека се НАЈАТРАКТИВЕН ПАР: Трошиме 80.000 долари годишно за да си ги одржиме телата во форма!

Бак и Мишел Милер од Лас Вегас, трошат околу 6.000 долари месечно за одржување на изгледот. Тие тврдат дека се најатрактивен пар во Америка и дека луѓето буквално ги „напаѓаат“ на улиците за да се сликаат со нив. Секој ден јадат по шест високопротеински оброци и консумираат само органска храна.Бак (27) и Мишел Милер (33), се опседнати со својот изглед. Огледала и нивни портрети го красат скоро секој центиметар од ѕидовите во нивната куќа, а тие даваат сѐ од себе за да го зачуваат изгледот.
Месечно трошат околу 6.000 долари на маникири, педикири, шишање, солариум и членство во теретана.
„Ние сме, без сомнение, најатрактивниот пар во Америка. Тоа е факт. Да постои натпревар за најатрактивен пар, јас ведаш би нѐ пријавил. Секој пат кога ќе поминам покрај огледалото, се погледнувам и барам од Мишел да ме фотографира“, вели Бак.
Мишел, која признава дека си ги зголемила градите, висока е 170 cm и има 64 kg, обемот на половината ѝ е 66 cm, а обемот на колковите 84 cm, додека Бак има 83 kg.
Тие се запознале кога оделе да ги поддржат своите пријатели на натпреварување во бодибилдинг, кое се одржало во 2012 година во Калифорнија. Мишел тогаш живеела во Ванкувер со својот син, кој го има од претходната врска, а Бак живеел во Лас Вегас.
Прво одржувале врска на далечина, а тогаш одлучиле да се венчаат на Денот на вљубените во 2013 година.

„Првата работа која што ме привлече кај Мишел, беше нејзината градба. Отсекогаш ме привлекувале мускулести жени, а нејзините квадрицепси беа неверојатни. Таа ме поттикна да поработам на својот изглед. Сакав да изгледам добро покрај неа“, вели Бак.
Мишел отсекогаш го одржувала своето тело, а почнала да се натпреварува пред четири години. Таа била воодушевена кога победила на своето прво натпреварување „Western Canadian Champsionship“, кое се одржа во 2011 година.
Оттогаш, Мишел работи како личен тренер, а Бак за прв пат оваа година се појави на натпреварување.
„Мишел ме воведе во овој начин на живот, а јас веќе и претходно планирав да го сменам начинот на живот и да поработам на својот изглед. Бодибилдингот ме смени. Се чувствувам фантастично, а со својот пример инспирирам и мотивирам многу луѓе“, вели Бак, кој од скоро и сам почнал да работи како личен тренер,
Освен што вредно вежбаат, тие двајца внимаваат и на исхраната, па секогаш однапред ги подготвуваат оброците.
„Јадеме само органска храна и храна без глутен. Сите сосови кои ги правиме, имаат минимални количества на шеќер. Внимаваме на секој грам. Јадеме шест оброци дневно, седум дена во неделата и не пропуштаме ниту еден ден. Не правиме отстапки ниту за своите родендени“, вели Мишел.
Тие се трудат и доволно да се наспијат. Секој ден спијат по осум часа. Сепак, многу луѓе ги сметаат за површни, бидејќи мислат дека тие се фокусираат само на својот изглед.
„Кога некој би ми рекол во лице дека сум површен, би му дал два одговори. Би му рекол слободно да ми ја соблече маицата и неговата, па да споредиме. Ние секој пат се погледнуваме во огледало кога ќе поминеме покрај него, не затоа што сакаме да се правиме важни, туку зашто секогаш бараме работи кои би можеле да ги подобриме на себе. Некои луѓе би дале рака или нога само за да можат да имаат тело како моето“, рече Бак.Бак (27) и Мишел Милер (33), се опседнати со својот изглед. Огледала и нивни портрети го красат скоро секој центиметар од ѕидовите во нивната куќа,

Пронајдете не на следниве мрежи: