Тие заработуват од хаосот и судирите!

Од најновото издание на ценетиот весник „Економист“: „Долготрајната хегемонија на левицата во Јужна Америка е завршена. Актуелниот рикверц кон десниот центар ќе се засили во 2017 година на неколку начини.Левичарските влади може да бидат заменети на претседателските избори во Чиле и Еквадор. Долата агонија на Венецуела може да резултира со договорена транзиција, сигнализирајќи го почетокот на крајот на владеењето на чавистите. А во Kолумбија, герилската армија на ФАРK можеби ќе почне да се разоружува и да се трансформира во граѓанска политичка партија. Главната приказна во Латинска Америка е непрекинатиот напредок на демократијата.“
Тоа се предвидувањата за 2017 година. Оваа година, 2016, сè уште не е завршена, а беше извонредна година за десниот центар. Референдумот во Велика Британија, брегзит, не беше предвиден, па сепак Британците гласаа за да си го вратат суверенитетот од рацете на Брисел. Во суштина, тие гласаа да се вратат кон десниот центар, подалеку од неизбраните елити. Во САД, Американците ги отфрлија, на претседателските избори, осумте години владеење на ултралевичарската администрација на Обама, не само што го избра Доналд Трамп за претседател, туку ~ ги даде на партијата на десниот центар, Републиканската партија, и двата законодавни дома, Сенатот и Пратеничкиот дом (републиканците го имаа Пратеничкиот дом изминатите две години, а во Сенатот мнозинство имаше Демократската партија, партија на левиот центар).
И во Македонија бевме сведоци како десниот центар освојува уште една победа и покрај фактот дека силите на левицата се здружија против него. Тесна победа, но сепак победа. Политиките на десниот центар продолжуваат да напредуваат.
Ова значи дека левицата во целиот свет е во дефанзива, поради што тие се многу, многу лути. Годинава доживеаја неколку големи порази и откако во изминатите неколку години полека напредуваа, ова ги разбесни како стршни чиј осилник бил вознемирен. Но тие ќе возвратат со сè што им е на располагање – пари, моќ, медиуми, култура, религија, сè што ќе ви падне на ум. Левицата – политичарите, медиумите, академските граѓани, тинк-тенковите, НВО и бизнис-елитата – не сакаат да го загубат тоа што го стекнале. И нема да толерираат никакво несогласување. Kлучна поента во нивната пропаганда не е само да дезинформираат или да ја протуркуваат својата агенда. Тие сакаат да го исцрпат вашето критичко размислување. Тие сакаат да ја уништат вистината зашто, прво и основно, тие не веруваат дека вистината постои.
Видете, јас сум политички конзервативец и колумнист во овој весник; тоа ме прави политички конзервативен колумнист. Јас ги поддржувам и навивам за победите на партиите од десниот центар и, што е поважно, нивните политики во светот, и навивам за пораз на левицата и, што е поважно, на нејзините политики. Јас сум политички активен и конзервативен уште од првиот избор на Роналд Реган за претседател. На тие избори не бев дури ни доволно возрасен за да гласам, сепак волонтирав за да му помогнам да победи не затоа што беше републиканец (партија на десниот центар во Америка), туку затоа што неговите верувања, а оттаму и неговите политики, беа конзервативни. Јас искрено сакам да дебатирам со моите пријатели од левицата за да им покажам зошто верувам и зошто политиките што ги промовирам и пропагирам се најдобрите за семејствата и за нациите (а сакам да ја слушнам и другата страна). Сепак, с` почесто откривам дека тие воопшто не сакаат да дебатираат. Тие не сакаат ни да разговараат. За жал. Ова води до поподелен свет во секоја земја. А тоа баш и не е добра ситуација.
Kако и да е, Македонија засега мора да продолжи напред. Левицата изгуби. Тие мора да го признаат тоа. Голем број неопределени гласачи излегоа и гласаа за СДСМ. Тоа е нивно право. И голем број македонски Албанци гласаа за СДСМ, што создава проблем и за традиционалните и за новите етнички албански партии во Македонија. Уште многу ќе слушаме и ќе гледаме на оваа тема во следните месеци, но тоа е посебна тема. Засега мора да се формира нова влада и мора да се вратиме на работа иако тоа можеби ќе биде тешко зашто ќе има (и во Македонија и надвор од неа) некои што ќе извикуваат „криминалци“! Но вината, невиноста и специјалното обвинителство се посебна тема во сосема друг приказна. Новата влада ќе има проблем да се соочи со некои во Македонија и со дел од меѓународната заедница кои во изминатите неколку недели без заобиколување велеа дека ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно победат, тогаш кризата ќе продолжи (многу од тие странци често беа цитирани во меѓународните медиуми во последно време – тие се од меѓународните НВО и научната сфера).
Но тоа не кажува ни дел од вистината за тоа што всушност сакаат овие луѓе: тие не сакаа слободни, фер и чесни избори – тие го сакаа СДСМ на власт по секоја цена. Ако навистина сакаа слободни, фер и чесни избори ( а меѓународните набљудувачи рекоа дека изборите во глобала беа слободни и фер) тогаш ќе ги прифатат резултатите. Ова се истите луѓе што јас ги нарекувам „професионално огорчени“. Тие заработуваат од хаосот и расправиите и од предизвикувањето хаос и судири. За битката да продолжи.
Kонзервативното размислување и конзервативните политики – економски, социјални, културни итн.- функционираат и се најдобрите решенија за напредок на народот и на државата. Македонците сигнализираа, преку своето гласање, дека сакаат спроведување на овие политики. Мора да ги оставиме изборите зад себе и да продолжиме напред.
Авторот е менаџер за односи со јавноста од Тусон, Аризона, и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа.
Џејсон МИКО за ДНЕВНИКЛевичарските влади може да бидат заменети на претседателските избори во Чиле и Еквадор. Долата агонија на Венецуела може да резултира со договорена

Пронајдете не на следниве мрежи: