Тигрите се наоѓаат на работ на егзистенцијата. Во тек е нивно пребројување!

Тигрите се наоѓаат на работ на егзистенцијата, бидејќи нивната популација во дивината опаднала за 97% во последните 100 години, денеска соопшти Светскиот фонд за природата.По повод Светскиот ден на тигрите, 29 јули, од Светскиот фонд за природата (WWF) потсетуваат дека криволовот денес е најголемата закана за тигрите во природата, бидејќи ширум Азија постои голема побарувачка за производи со потекло од тигри.
Статистиката на TRAFFIC (мрежата која го следи тргувањето со диви животни и растенија), покажува дека најмалку 1.590 тигри биле уловени во периодот од јануари 2000 до април 2014 година.
Од WWF наведуваат дека тоа е просек од два тигри неделно и предупредуваат дека реалното ниво на криволов е најверојатно поголемо.
Бројот на тигри моментално е висок во Индија, Непал и Русија, бидејќи тие земји имаат редовен мониторинг.
Бројноста на популацијата наскоро ќе биде позната за Бутан, Бангладеш и Кина, каде што моментално се вршат истражувања, но непозната е точната бројка на тигри кои ја населуваат Малезија, Индонезија, Тајланд, Мјанмар, Лаос, Камбоџа и Виетнам.По повод Светскиот ден на тигрите, 29 јули, од Светскиот фонд за природата (WWF) потсетуваат дека криволовот денес е најголемата закана за тигрите

Пронајдете не на следниве мрежи: