четврток, 26 ноември 2026
Најново

„Тиквеш“ исплати над 60% од средствата за откупеното грозје од последната берба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје.На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје.
“На ваков начин „Тиквеш“ го потврдува својот сериозен однос кон своите партнери-лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона“, велат од винарската визба „Тиквеш“.
Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени миним

Поврзани вести