Тиквиците поволно делуваат на варењето, намалувањето на холестеролот, а благодарение на големата количина на антиоксиданси во нив, делуваат и против воспаленија.Тоа што ги издвојува тиквиците како идеална намирница е ниската калориска вредност, а покрај тоа се богати со витамини и неопходни нутриции.
Заедно со дињата и краставицата припаѓаат во семејството Cucurbitacea. Иако има повеќе врсти на тикви, навикнати сме на оние малите, долгнавести и во зелена боја.
Така, одличен избор на витамин А, К, Б и Ц, манган и калиум, магнезиум, фосфор, бакар, фолат и рибофлавин, како и цинк, железо, калциум.
До сега веќе многу истражувања потврдија дека тиквиците се важни за здравјето на организмот, а бидејќи можете да ги припремите на безброј начини, штета би било да не ги искористите додека им е сезоната.
Докажано е дека се добри во превенција на рак на цревата, го контролираат шеќерот во крвта и го смалуваат апетитот, а состојките во нив го чуваат здрав васкуларниот систем и го смалуваат холестеролот.
Поволно делуваат на варењето. Ако не можете да ги конзумирате во свежа форма како салата, измешајте ги со сезонски зеленчук како краставица и нема ни да приметите некоја голема разлика во вкусот.
Благодарение на антиоксидансите, делуваат и против воспаленија, а одлични се и за сува кожа. Дури и можете да ги исечете во вид на прстени и да ги ставите на кожата да делуваат некое време. Поради високото присуство на манганот, тиквиците поволно делуваат на сите функции на организмот.Тоа што ги издвојува тиквиците како идеална намирница е ниската калориска вредност, а покрај тоа се богати со витамини и неопходни нутриции.