Тимошенко ќе се кандидира за претседател на вонредните избори: Конечно диктатурата падна!

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која вчера беше пуштена од затвор, изјавила дека Украина наскоро ќе влезе во ЕУ, пренесува руската агенција ИТАР-ТАСС.-Сигурна сум дека Украина наскоро ќе биде членка на ЕУ и тоа ќе промени се, порача Тимошенко по доаѓањето во Киев.

Екс премиерката, која издржуваше седумгодишна казна затвор, поради злоупотреба на службената позиција, по излегувањето од затворот рече дека диктатурата падна и најави дека ќе се кандидира за претседател на вонредните избори, закажани за 25 мај.

Таа додаде дека одговорните за убиствата во текот на протестите мора да бидат казнети.

– Нема да бидеме достојни за оние кои ги дадоа животите, што ни го отворија патот, доколку не ги казниме тие што им ги одзедоа животите и кои удрија на студентите, рече Тимошенко во Киев.

Тимошенко е еден од најголемите противници на Јанукович и нејзиното ослободување беше еден од условите кои ЕУ ги постави за продолжување на евроинтеграциите на Украина, пред декемврискиот самит. 
-Сигурна сум дека Украина наскоро ќе биде членка на ЕУ и тоа ќе промени се, порача Тимошенко по доаѓањето во Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи: