Украина не е Босна, во која Уставот се појави како последица на мировните преговори со кои е прекината повеќегодишната крвава војна по распадот на Југославија. Не е ниту Косово, кое стана независно кога се воспоставени неговите државни структури! – изјави Јулија Тимошенко.Мирниот период од објавата на војна во септември 1939 година, па сѐ до блиц нападот на нацистите на Белгија и Франција во мај 1940 година, често се нарекува „лажна војна“. Од моментот кога Русија нападна и го припои Крим, почнувајќи да натрупува војници и оружје на нашата источна граница, ние во Украина доживуваме „лажен мир“. Меѓутоа, нема ништо лажно во напорите што ние ги вложуваме со цел да ја одбраниме својата земја и демократија. Нашите младичи и девојки волонтираат во војската како никогаш порано. Нашата влада преговара за спогодба за стенд-бај заем со ММФ, кој ќе ни ги овозможи потребните средства за поправка на финансиската и економската ситуација.
Ние ја започнуваме изборната кампања и покрај фактот што Русија ја подготвува својата војска против нас. Граѓаните на Украина ќе можат слободно да го одберат својот нов претседател на изборите кои ќе се одржат наредниот месец, што е најдобра критика за русата пропаганда за нашиот наводен неуспех да ја поддржиме демократијата.
За уставната структура на Украина треба да одлучуваме ние самите. Украина е потполно суверена држава, која како таква ја признаваат и другите држави, вклучувајќи ја и Русија.Мирниот период од објавата на војна во септември 1939 година, па сѐ до блиц нападот на нацистите на Белгија и Франција во мај 1940 година, често се