Тимот Perfect Glide победници на вториот Дурекс турнир во одбојка

Победникот на вториот Дурекс турнир во одбојка на плажа е тимот Perfect Glide. Членовите на победничкиот тим, составен од Горан Славков и Емилија Поп Јордановска беа наградени со таблети.„Со големо задоволство се натпреваруваме во одбојка турнирот и ни преставуваше предизвик да го освоиме првото место. За поздрав е ваквиот проект на компанијата Дурекс, затоа што успева преку интересни настани да не едуцира нас младите и да ни дава поттик за користење на производите за заштита од сексуално преносливи инфекции, ХИВ/СИДА и непланирана бременост“ изјавија од тимот Perfect Glide.
Второто место го освои тимот Jeans, сочинет од Томе Димитриевски и Калина Трпеска кои беа наградени со ДВД плеери со караоке, а на третото место се пласираше тимот Durex Play O, составен од Драган Илиќ и Сандра Ѓорѓиевска, тие освоија со МП3 плеери. На теренот на спортскиот центар Мондано во Скопје играа девет тима во парови, два на два, составени од момче и девојка, а беа оценувани од страната на судијата Емилија Јанчиќ.
За натпреварот во одбојка имаше пријавено 40 тима, но беа избрани само девет кои ги исполнуваа критериумите и правилата поставени од жири комисијата на брендот Дурекс.
„Среќни сме што Дурекс турнирот во одбојка се одржа по вторпат и на тој начин прерасна во традиција. Се обидуваме да ги поттикнуваме младите да спортуваат, да се натпреваруваат и најважно од се правилно и навремено да се едуцираат. Тимовите беа именувани и брендирани според производите на Дурекс, Durex Play O, Jeans, Pleasure Max, Comfort Xl, Lovers Connect, Pure Fantasy, Vibrating Ring, Perfect Glide, Real Feel. Им благодариме на сите учесници и ги покануваме своето учество да го пријават и следната година да кога ќе има многу новитети и поголеми изненадување“ истакна Елена Гагиќ, од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс во Македонија.
Додека траеше дводневниот турнир Дурекс девојките преку информативни флаери ја едуцираа публиката за сексуалното и репродуктивно здравје, а ги забавуваше диџеј Бороу.
„Со големо задоволство се натпреваруваме во одбојка турнирот и ни преставуваше предизвик да го освоиме првото место. За поздрав е ваквиот про

Пронајдете не на следниве мрежи: