Тинејџер осуден за напад врз трговски центар

Осумнаесетгодишен германски државјанин е осуден на осум години затвор, затоа што во февруари 2016 година фрлил молотови коктели пред влезот на трговски центар во Хановер, јави дописникот на МИА од Берлин.Обвинетиот тинејџер Салех С. е осуден откако Судот утврдил дека и покрај тоа што е малолетник, сепак  е целосно одговорен за неговите постапки. Од фрлените молотови коктели, кои не се запалиле никој не е повреден, ниту е предизвикана материјална штета.
Осудениот е брат на 16-годишната Сафија С., која во јануари во Хамбург беше осудена за напад со нож на полициски службеник. Сафија С., според германските служби, работела во име на групата Исламска држава (ИД).
Во меѓу време, германските власти денеска објавија дека вчера полицијата уапсиле Сириец, кој е осомничен дека работел како лице за врска меѓу новинската агенција на ИД, Амак и потенцијални учесници на терористички напади.
Осомничениот 23-годишен Сириец ќе одговара за членство во терористичка организација.Обвинетиот тинејџер Салех С. е осуден откако Судот утврдил дека и покрај тоа што е малолетник, сепак  е целосно одговорен за неговите постапки

Пронајдете не на следниве мрежи: