Тинејџер ЗАГИНА поради играта „Покемон Гоу“

18-годишниот Херсон Лопез де Леон од Гватемала бил убиен бидејќи со својот братучед Даниел Моисес Писено провалил во една куќа за да фати Покемон.Леон бил убиен од огнено оружје, додека Писено бил тешко ранет. Ова е прва несреќа со смртни последици која ја предизвикала светски популарната игра, но Покемоните секојдневно предизвикуваат бројни проблеми ширум светот.
Така спасувачките групи од Марин Лејк во Њу Брајтон биле повикани да спасат група до 20 тинејџери кои во лов на Покемони отпловиле до средината на езерото.
На двајца играчи од Флорида било пукано, кога сопственикот на една куќа помислил дека се провалници. Во Стоурбриџ еден возач бил уапсен бидејќи играл зад воланот.
Многу институции на своите работници им забраниле да играат Покемон. Индонезија им забранила на полицајците да играат „Покемон Го” додека се на служба, а истото планираат да го направат и со војниците, објавиле денес властите, со оглед на тоа дека апликацијата претставува закана за безбедноста, најавил индонезискиот министер за одбрана.

 
Во таа земја во југоисточна Азија, како и на другите места во светот, ловот на виртуелните суштества сокриени во реалниот свет привлекува бројни корисници кои илегално ја симнале апликацијата со оглед на тоа дека сè уште не е на располагање во Индонезија.
Популарноста на таа игра предизвикала загриженост помеѓу највисоките претставници на естаблишментот, а некои сугерираат дека играта би можела да послужи за шпионски активности.Леон бил убиен од огнено оружје, додека Писено бил тешко ранет. Ова е прва несреќа со смртни последици која ја предизвикала светски популарната игр

Пронајдете не на следниве мрежи: