Тинејџерите во Скопје имаат секс, а не знаат како да се заштитат

Според анкетата што ја спроведе производителот на кондоми Дурекс, кај младината има мала свесност и голема неинформираност за сексот и последиците од него.Шеесет и два проценти од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Според анкетата, тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми, а 2% информациите ги добиле од разговор со родителите, а само 5 % биле на доктор за да добијат  информации за сексот и последиците од него.
-Мотивот за спроведување на ова истражување беше да дознаеме колку тинејџерите се информирани за последиците и ризиците од активниот сексуален живот, па според тоа да креираме кампања која ќе ги едуцира и ќе го олесни влегување на тинејџерите во сексуалната зрелост, за да бидат подготвени и упатени во ризиците од сексуално преносливите инфекции и несакана предвремена бременост. Покрај уживањето при сексуалниот чин коешто треба да биде взаемно задоволство, исто така и сексуалната одговорност е взаемна, а тоа се двата темели врз кои Дурекс се изградил како производ и како бренд. Токму затоа едукацијата на младите ја сфаќаме како наша одговорност и затоа наша цел е: што поголем број тинејџери да знаат како се користат презервативите, како и колку долго се чуваат и дека купувањето кондоми и безбедниот сексуален чин е сечија одговорност – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија.
Повеќе на: Република.мкШеесет и два проценти од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуал

Пронајдете не на следниве мрежи: