ТИНКТУРА од ловоров лист за болни зглобови

Ќе ви го претставиме рецептот за приготвување на тинктура од ловор за лекување на ревматизам, болни тетиви и мускули, болни и потечени зглобови.Ловорот (Laurus nobilis) е билка која има многу силни аналгетски својства. Тоа е причината зошто ловоровиот лист се смета за супербилка кога станува збор за лекувањето на бројни болести, како што е мигрената на пример. Тој исто така, игра голема улога во дигестијата на храна, бидејќи го поттикнува и подобрува варењето во дигестивниот тракт и помага во намалување на нивото на шеќерот во крвта. Со својот интензивен мирис ги одбива инсектите, што исто така може да се користи против молци. Ќе ви го претставиме рецептот за приготвување на тинктура од ловор за лекување на ревматизам, болни тетиви и мускули, болни и потечени зглобови.
Се приготвува многу лесно и едноставно. Се што ви е потребно за да ја направите тинктурата се ловоров лист и малку алкохол.
Потребни состојки:
30 г свеж ловоров лист
300 мл 60% алкохол
Начин на подготовка

 
Начин на подготовка
Ситно исечкајте го ловоровиот лист и ставете го во стаклена тегла. Додадете алкохол и цврсто затворете. Затворената тегла оставете ја на топло место да отстои 10 дена, а потоа процедете и добиената тинктура складирајте ја во стаклено шише.
Начин на употреба
Тинктурата може да се користи за масажа на болните делови од телото (надворешно). Исто така, може да се консумираат по 10 капки од тинктурата во чаша вода, трипати дневно пред оброк.
Внимание:
Ловорот не смее да се користи подолго од еден месец. Мора да направите пауза од најмалку 15 дена, пред да продолжите со негово користење. Бремени и деца до 6 години, не смеат да го користат ловоровиот лист.Ловорот (Laurus nobilis) е билка која има многу силни аналгетски својства. Тоа е причината зошто ловоровиот лист се смета за супербилка кога станув

Пронајдете не на следниве мрежи: