Типот кој ми го украде HTC-то

Ви пренесуваме искуство на едно момче на кое му било украден телефонот на одмор. Погледнете што всушност му се случува понатаму. Ви ја пренесуваме неговата приказна од неговиот блог.Јас и моите пријатели сакавме заедно да го поминеме одморот и решивме да летуваме во Лорет де Мар во Шпанија. За некои луѓе рај, за други пекол.
Имав заштедено пари и си купив HTC One X  за да можам да го документирам целото патување во мојот телефон.
Одморот ни започна многу убаво. Сите безбедно се сместивме во Лорет, времето беше одлично и локацијата каде што ги минавме следните десет дена беше едноставно совршена.
 
Првата ноќ
Иако претходната ноќ ни помина во патување и бевме прилично уморни, сепак решивме да излеземе.
Јас бев првиот што се сплетка со една девојка. Решивме да прошетаме на плажата. Кога застанавме да земеме воздух, веднаш забележав дека нешто недостасува. Телефонот. Не можев да поверувам што се случи. Запрепастени, се вративме назад на шеталиштето каде што сретнавме двајца полицајци и ги прашавме што да правиме. Тие ми објаснија дека телефонот најверојатно ми е украден и дека треба следниот ден да одам во полициската станица и да го пријавам случајот.

 
Ноќта сеуште беше млада и не сакавме така да ни заврши. Се вративме на плажата и седевме на истото место како и претходно и незамисливото се случи. Исчезна и телефонот на девојката. Скокнав и се стрчав кон еден човек кој одеше од плажата кон шеталиштето. Го замолив да ги испразни џебовите, но телефоните не беа кај него.
Се вративме кај моите пријатели кои имаа подобра вечер. Девојката се јави на нејзините пријатели и повеќе никогаш не ја видов.
Околу три месеци подоцна…
Една ноќ на 9ти септември 2012 почнав да добивам слики во папката ‘Camera uploads’ во мојот Dropbox. 
Заедно Dropbox и HTC овозможија автоматско зачувување на сликите веднаш штом One X ќе се поврзе со интернет.
Незамисливото се случи по втор пат. Мојот паметен телефон не бил исчистен правилно и започнав да добивам фотографии од семејство кое јасно го поминало одморот во Лорет де Мар.
Colossos
Како што можете да видите мојот “пријател” носи маичка од мегадиското Colossos.  За жал, јас и моите пријатели не одевме во дискотеката за време на нашиот одмор, инаку сигурно ќе се сретневме и ќе се приврзевме. Имав чуден дежа-ву која ја видов оваа фотографија, бидејќи мислам дека купив нов телефон во продавницата која се гледа во позадина. 
 
Повеќе на GSM.MKЈас и моите пријатели сакавме заедно д

Пронајдете не на следниве мрежи: