недела, 29 ноември 2026
Најново

Тирана до Москва: што се мешате во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Албанското МНР го повикало рускиот амбасадор во Тирана за да протестира поради „неприфатливото” и „дестабилизирачко” соопштение околу ситуацијата во Република Македонија.Рускиот амбасадор бил повикан во МНР-то во Тирана за да албанската дипломатија протестира околу соопштението на руското МНР во кое се посочува на планови за т.н. „Голема Албанија”.Како што пренесоа медиумите на албански јазик, албанското МНР ја изразило својата разочараност на амбасадорот Александар Карпушин во врска со „неприфатливата изјава и наводите на Русија”, да се поврзе неодамнешниот инцидент во Македонија со владите на Албанија и Косово. Според Тирана, оваа изјава преставува уцена и е лоша за конструктивна клима која Албанија, Косово и нејзините соседи се обидуваат да ја градат во регионот. Таа, според реакцијата на албанската дипломатија, исто така преставува непочитување на најдобрите принципи на меѓународното право.
-Албанија е суверена земја, членка на НАТО и кандидат за ЕУ и било кој акт на уцена против оваа земја треба да се третира во овој контекст- порачала Тирана. Албанското МНР му порачало на рускиот амбасадор дека Москва треба да се соочи и да ја прифати новата реалност во регионот на Западен Балкан и да го признае придонесот на независноста на Косово за мирот, стабилноста и демократската иднина на регионот.Како што пренесоа медиумите на албански јазик, албанското МНР ја изразило својата разочараност на амбасадорот Александар Карпушин во врска со &bdqu

Поврзани вести