Тиранска платформа, декларација, програма, документ на албанските партии од Македонија

Повеќе од пет месеци се прашуваме што е тоа Тиранска платформа. Некако не’ затече на Божиќ, кога навистина не бевме подготвени. Башка тогаш да му било роденден на Еди Рама. Убав повод за слевење. Така и мене кога ме прашаа што мислам за платформата неколку дена после Божиќ во една емисија, реков: ”не знам, немам изградено мислење”. Подоцна платформата влезе во Собранието и два месеци се дискутираше за неа, но не се дозна дали постои или не постои и што точно е напишано во неа. Навистина пратениците на ДУИ и БЕСА два пати ја прочитаа од говорница, но пратениците од СДСМ се уште тврдат дека не постои.За да дознаеме се во детали за платформата ни помогна Талат Џафери по извршениот државен удар в Собранието и преземањето на канцеларијата на Председателот, тој на фронталната позиција ја стави книгата “Балканскиот Мегаетникум” или Националните доктрини на македонските соседи. Таа книга веројатно му била на фронтална позиција и во други кабинети, но ете ние не сме се заинтересирале, мислејќи дека градиме соживот, па туѓи платформи не ни се важни.
Она што е сигурно е дека платвформата не напишана ни во Скопје, ни во Охрид, ни на роденденот на Еди Рама. Таа е напишана од страна на Академија на науките на Албанија во Октомври 1998 година, на околу педесетина страници. Преведена е во Македонија 2012 од сега починатиот проф. д-р Димитар Мирчев. Во својата “Белешка” тој пишува дека непосредно по објавување на оваа платформа истата е објавена на веб страницата на албанско американската граѓанска лига во Њу Јорк(https://aacl.com, October1998). Тогаш како координатор на албанската “кауза” на овие простори бил назначен Арбен Џафери. Тој го преведува документот, го специфицира за дејствијата во соседните држави, дури и го предвидува нивниот развој. Месец и половина по започнувањето на вооружениот конфликт во Македонија тој го објавува таканаречениот “non- paper” документот на ДПА во кој точно се дефинираат оценките, ствовите и политичките чекори на албанскиот фактор во Македонија, како спецификација на платформата на Албанија, објавен на истиот веб сајт на албанско- американската лига.
Ова значи дека ние со години наназад сме го имале пред нас текстот на платформата детално објаснет, но не сме обрнувале внимание. Сега, секој граѓанин може да го прочита во детали. За разлика од толкувањата, за што се работи во платформата, од текстот јасно произлегува дека се работи за поделба на Македонја и создавање на голема Албанија.Да почнам од тоа како е дојдено до овие граници на голема Албанија, бидејки знаеме дека на голем дел од нив воопшто не живеат албанци.
Акаденијата на науките тргнува од фактот дека албанците се наследници на древните Илири, кои без оглед што доживеале под вековниот притисок на надворешните сили, со перманентно територијално стеснување, продолжиле да ги населувуаат западните региони на балканскиот полиостров, таму каде што биле населени од самиот почеток. Приближно точни податоци за простирањето на нивните етнички простори во средината на минатиоат век дале погоелм број објективни европски набљудувачи. Според нив, албанците биле присутни како автохтоно население на север од Ниш, Лесковац и Врање, на исток до Куманово, Прилеп и Битола, на југ преку Лерин и Костур до Коница Јанина и Первеза (20 километри подолу од Крв). Во тоа време овие региони биле поделени од Отоманската Империја во 4 вилаети, Скопски(Косовски), Скадарски, Битолски и Јанински. Меѓу нив најголем бил Косовскиот со главен град во Скопје. Географскиот простор на косовсиот вилает најмногу бил населен со албанско население, значи не случајно се совпаѓал приближно со илирската античка провинција, Дарданија чиј глевен центар бил, исто така, Скопје. На југ, античка провинција Епир, која не случајно во антиката и во средината на минатиот век била неаселена многу повеќе со албанско население одколку со хеленско. На север исто така деловите од Црна Гора Плав Гусиње, Улцињ, Хот и Груда, биле населени претежно со албанци.
Понатаму како е дојдено до прашањето за признавање на геноцидот и зошто токму во тој период. Албанските академици сметаат сека албанските востаници го ослободиле Скопје на 12 Ацгуст 1912 година, главен град на косовскиот вилает. Потоа во Ноември 2012 година делегатите од сите албански области вклучувајќи ги тука и областите на Косово, Македонија и Чамрија, се собрале во Валона, каде ја прогласиле националната независност на Албанија, вклучувајќи ги тука сите етнички простори во еднинствена држава.
На Лондонската амбасадорска конференција 1913 година по поразот на Отоманската Империја, западните сили кои ја диктирале поделбата на албанскиот полуостров и по неколку колебања го признале само актот на создавање независна албанска држава, а не и другите етнички простори, што за албанците представувало помалку од половина Албанија. Според академиците анектираните региони наместо да добијат повеќе права, српските, грчките и црногорските владетели не им признале ниедно право. Владите во Белград, Атина и Цетиње, започнале со раселување на албанците од нивните етнички простори, принудувајќи ги да емигрираат во Турција, односно што подалеку од нивните граници. Со масовните раселувања што ги презела Грција во децениите по анектирањето на албанските региони особено по побиблискиот егзодус на Чамите на крајот на Втората светска години, таа мислела дека го завршила чистењето на етничките албанци од своите граници. Но како што се гледало етничките албанци имало сеуште во тие региони. И Србија, иако започнала етничко чистење уште во време на Руско-Турските војни во 1877- 1878, а по 1918 година Југославија со децении ги продолжила кампањите за раселување на албанците од Косово од Македонија и од Црна Гора, но етничкото чистење на анектираните региони не го реализирала до крај. Албанците, според нив, останале таму каде што биле во текот на минатите илјадници години. Поради тоа албанците останале разочарани од трите монархии Србија, Црна гора и Србија, подоцна од 1919 (Версајскиот договор) до 1991 од Југославија и Грција, како и од Версајскиот договор така и од Лариската конференција во 1946 година.
Но најразочарани биле по поделбата на ЈСФР Југославија во 1991 година. Тие не биле задоволни ни од поделбата во време на втората светска војна, во која дел од Косово останало под Србија, во рамките на Германија, а делови од Македонија под Бугарската власт. Италијаните им дале административна управа,а тие останале воено да владеат на таа територија. Понатаму иако во текот на Втората светска војна дале значителен придонес против фашизмот, не се оствариле нивните очекувања големите сојузници по нејзиното завршување да го почитуваат принципот на самоопределување и да го одржат почитувањето на националните права на народите. Но на мировната конференција во Париз 1946 тоа не се случило. Дури, Атина ја обвинила Тирана дека заедно со Италија била агресор и наместо да се дискутира за правата на албанците таа барала воена оштета и територијално проширување.
Поради тоа Грција ги иселила сите албанци муслимани од територијата на Чамија во рок од 48 часа, иако на тоа се спротиставил представникот на Албанија Енвер Хоџа.Од друга страна, врз основа на принципот на АВНОЈ од 1943 година сите нации во составот на Југославија се здобиле со право да основаат републики кои ќе бидат рамноправни во областа на политичките права. Во 1944 година во Бујан тоа било договорено и за Косово. Иако во 1945 години тоа право и било овозможено на Црна гора која по население била шест пати помала во границите на Југославија и на Македонија која била два пати помала, подоцна во 1946 година Југославија одлучила да не и даде статус на република на Косово туку на покраина во состав на Србија. Ова е одлучено врз основа на тоа дека веќе постои Република Албанија и не би требало да има две републики на една нација, додека сите други имале по една. Ова албанците го сметале за груба дискриминација, бидејќи тие воопшто не одлучувале за тоа право. Иако, како мерка за задушување на отпорот на албанците властите во Белград на Косово му даваат статус на автономна покраина со главен град Приштина, но без Медвеѓа, Прешево и Бујановац, кои одсекогаш биле населени со албанци. Од друга страна белградските кругови го интензивирале полицискиот режим, кој се состоел во тортура, апсења, интернирања со лажни сведоци, често пати и без судска постапка, што принудиле голам број на албанци да се преселат во Турција. Тоа се случувало во текот на педесетите години. Албанците ваквите ограничувања ги сметале како третман на граѓани од втор ред и како такви дискриминирани врз основа на економска и културна основа.
Понатаму академиците сметаат дека сите албанци независно каде се населени посакуваат што побрзо обединување на нивните простори во една единствена албанска држава онака како што го направиле тоа нивните преродбеници во напишаните програми.Тие сметаат дека меѓународниот фактор овој пат треба да биде на нивна страна и да се почитува принципот на политичките граници на сите држави независно од неправдите што се направени во минатото. Затоа тие сметаат дека промената на границите ќе биде направена по мирен пат,но доколку тоа биде неопходно ќе се направи и со употреба на сила, при што меѓународните органзации ќе застанат на нивна страна и ќе им помогнат да го направат тоа.Што се однесува до прашањето на албанците во Македонија тие сметаат дека на овие простори живеат 35 посто етнички албанци, а 55 посто македонци, заедно со турците, србите и ромите. Спрема тоа, албанците воопшто не можат да се третираат како малцинство, туку истоветно како македонците во нивната држава, а не да бидат дискриминирани во секој поглед. Според нив, следствено на денешните проблеми што постојат во етничките односи нема да се намалат туку ќе се зголемат.
Затоа, според нив, за да се спречи продлабочувањето на внатрешната криза што ја доживува Република Македонија, која самата ја предизвикува со кршењето на националните права на албанците, постоеле само две опции. Првата е албанците да се сметаат за рамноправни како и македонските граѓани, а Македонија да се смета за заедничка држава, како што било во Австо- Унгарија, или албанците да добијат право на автономна покраина во рамките на Република Македонија. Само така ќе изчезнело нивното третирање како граѓани од втор ред, како и дискриминацијата пред се во однос на буџетските фондови, нерамнопревноста пред судските органи, во однос на националното знаме, за употребата на албанскиот јазик на целата територија итн.
Ова би представувало и целосна федерализација на Македонија. Затоа, да се надеваме дека новото парламентарно мнозинство ќе се држи до Уставот и Охридскиот рамковен договор, за да ја задржиме унитарноста на државата.За да дознаеме се во детали за платформата ни помогна Талат Џафери по извршениот државен удар в Собранието и преземањето на канцеларијата на Предсе

Пронајдете не на следниве мрежи: