Тишината е ЛЕК за мозокот: Науката дава четири причини повеќе да молчиме

Во секој момент сме опкружени со бучава. Толку сме навикнати на „акустичното загадување“, што бучавата ја сметаме за потполно нормална, и не обрнуваме внимание на гужвата, сообраќајот, музиката или телевизорот. Тишината е благотворна и смирувачка, таа е лек и простор за размислување. Еве неколку научно потврдени причини за молкот.-Тишината ја поттикнува регенерацијата на мозочните клетки: Според едно истражување, извршено во 2013 год., за влијанието на различните нивоа на бучавата врз глувците, два часа тишина дневно помага во формирањето на нови клетки во хипокампусот – делот на мозокот одговорен за способноста за учењето, памтењето и емоциите.
-Тишината не прави покреативни: Нашиот мозок е активен дури и кога телото одмора. За време на одморот, ги обработува и складира информациите кои сме ги добиле во текот на денот. Кога овој процес добро се одвива, без сметање на околните звуци, мозокот го вклучува режимот кој ги интегрира емоциите и сеќавањето, ја поттикнува фантазијата, и ги проширува и отвора нашите можности. Како резултат на тоа што сме во тишина, стануваме покреативни и поотворени.

-Тишината ги намалува тензијата и стресот: Докажано е дека постојаната бучава влијае на нашиот мозок и води до засилување на хормонот за стрес. Тишината, напротив, има сосема спротивен ефект. Отсуството на бучавата ја намалува тензијата во мозокот и телото. Истражувачите ги следеле промените во крвниот притисок и во циркулацијата, и дошле до заклучокот дека две минути тишина се поефективни во релаксацијата отколку слушање на било каква опуштачка музика.
-Тишината ги обновува нашите ментални ресурси: Бучавата додека учиме или работиме, го попречува нашето решавање на проблемите. Истражувањата покажале дека децата кои живеат или учат во училиште близу до прометни улици имаат пониски оцени кога се во прашање читањето и јазиците отколку децата кои живеат во потивките средини. Исто така, интересно е дека мозокот може да си го „врати“ изгубеното заради бучавата.-Тишината ја поттикнува регенерацијата на мозочните клетки: Според едно истражување, извршено во 2013 год., за влијанието на разли

Пронајдете не на следниве мрежи: