Титаник и Астор IV – најбогат и најгламурозен во своето време!

Ако ги прашате Форбс тие ќе ви кажат дека најбогат човек во светот е Carlos Slim, или Bill Gates пред него, или Carnegie, Rothsild, Rockefeller, Morgan и многу други секој во своето време. Но доколку отидеме еден век наназад, или попрецизно, април 1912 година, во времето кога најбогат човек во светот бил John Jacob Astor IV. Тој бил бизнисмен, инвеститор, писател и бил наследник на неговата веќе богата и моќна фамилија. Имал светла иднина пред него.Тој го изградил хотелот Валдорф-Асторија во Менхетн, еден од неговите најголеми имоти и било проценето дека тој бил тежок 150 милиони долари, или ако се стави во денешни пари околу 3,4 милијарди долари!
Сето тоа изгледало толку совршено …
Сите тие пари и моќ кои ги поседувал може да ве натераат да мислите дека тој бил непобедлив, но еден голем леден брег се појавил на неговиот пат. Тој очекувал дете со неговата втора сопруга Медлин кога тие се качиле на бродот на Титаник, во тоа време најголемиот и најгламурозниот брод кој требал да се врати во САД. Тие се враќале од нивниот меден месец во Париз. Откако тие се сместиле во нивната кабина од прва класа, нивното патување за враќањето кон дома започнало. Четири дена подоцна, Титаник удрил во фаталната санта мраз и трагедијата започнала.

По судирот што се случил, Џон мислел дека тоа не е ништо сериозно. Отишол надвор да види што се случило. Но, кога тој сфатил дека ситуацијата не е толку совршена како што тој мислел,  ја зграпчил Медлин и излегле на палубата. Тој и помогнал неговата сопруга и нејзината медицинска сестра да се качат на бродовите за спасување. Бидејќи не било дозволено на мажите да се качуваат на чамците бидејќи жените и децата биле приоритет, тој останал на Титаник да чека за помош. Било јасно дека немало никакви шанси за тој да се спаси. Па тој за запалил неговата последна цигара, гледајќи го бродот како тоне. Титаник потонал и така најбогат човек во тоа време умрел со него.
Неговото тело било пронајдено една недела подоцна и бил погребан во Њујорк.
Неговиот син, Jakey е роден 4 месеци подоцна.Тој го изградил хотелот Валдорф-Асторија во Менхетн, еден од неговите најголеми имоти и било проценето дека тој бил тежок 150 милиони долари, или а

Пронајдете не на следниве мрежи: