ЦИА неделава објави 13 милиони страници декласифицирани документи во кои се објавени фајлови за НЛО, за психолошките експерименти водени со проектот „Старгејт“, но и документи од разузнавањето меѓу кои се поместени многу страници и за Македонија во времето на југословенската федерација. Она што е особено интересно е документот за планот на Советска Русија за создавање независна држава Македонија, како и односот на Тито кон тоа прашање, односно за задушувањето на стремежот за создавање независна Македонија.Она што паѓа в очи е дека ЦИА употребува србизирани топоними, што е нејасно зошто, како, на пример Скопље или „Битољ. Од документите што се водат како неанализирани може да се шпекулира и за тоа дека ЦИА подготвувала терен за интервенцијата во граѓанската војна во Грција и јасно заземање страна. Притоа може да се претпостави дека употребата на напалм-бомбите против голораките македонски бегалци од страна на британските сили бил однапред исчистен терен за да се спречи создавање независна Македонија и Македонците да добијат своевидна историска лекција што ги чека ако тргнат во остварување на својот сон.
Во информацијата на ЦИА заведена како „Македонската држава, цел на советската политика на Балканот“ со датум од 26 септември 1949 година стои: „Според советскиот план за создавање независна македонска држава, поголем дел би бил одвоен од Југославија. Покрај сегашниот дел од Југославија, би се вклучиле и територии на линијата почнувајќи од Призрен до Приштина, Врање и Ниш. Дополнително, планот одредува вклучување коридор меѓу Бугарија и Југославија, со што на Македонија ќе ~ се дадат спорниот регион на Пирот и територијата на железничката линија која води од Ниш до Неготин и ќе се спојува со Орсова покрај источните граници.
Новата македонска држава ќе се прошири во Бугарија с` до Радомир и Пирин. Уште повеќе, новата држава ќе го вклучува и Солун и делови од Грција северно од Солун на грчко-албанско-југословенската граница“. Според ЦИА, веќе од март 1952 Тито почнува да ја задушува пропагандата за голема Македонија во рамките на југословенската федерација, а гасењето на журналот „Егејски глас“ е само еден знак за тоа, се наведува во документ за активностите на ВМРО. „Kако и да е, ВМРО не се откажа од својот стар сон за независна Македонија.
Тито беше сметан за предавник, а беше организирано движење против неговиот режим. Во минатото поединци од ВМРО, прогласени за предавници или за непосакувани, беа ликвидирани… Тешко е целосно да се разбере што точно се случува во Македонија. Панко Брашнаров не е комунист, сега е во затвор. Павел Шатев, познат лидер на ВМРО и поранешен советник на Тито, почина во затвор. Бане Андреев, една од најпознатите фигури на Титовиот режим во Македонија, исчезна. Методи Ченто беше уапсен под обвинение дека сакал да избега во Грција. Богоја Фотев се обидел да се самоубие. Видое Смилевски е префрлен во Белград. Тој му е пријател на Тито“, се наведува, меѓу другото, во фајловите на ЦИА.
Извор:Дневник Она што паѓа в очи е дека ЦИА употребува србизирани топоними, што е нејасно зошто, како, на пример Скопље или „Битољ. Од документите што се в