Како што пренесуваат германските медиуми, пред самиот напад дошло до расправии меѓу напаѓачот и минувач, кој го нарекол со погрдни имиња, а потоа напаѓачот му рекол „Ме злоставуваа седум години“.Според првите сознанија, полицијата го идентификувала напаѓачот на трговскиот центар во Минхен како Али Сонбол, 18-годишник кој имал двојно државјанство, германско и иранско.
По масакаротм напаѓачот извршил самоубиство, а според неофицијални информации од полицијата, главниот мотив за нападот бил повеќегодишно злоставување.
Како што пренесуваат германските медиуми, пред самиот напад дошло до расправии меѓу напаѓачот и минувач, кој го нарекол со погрдни имиња, а потоа напаѓачот му рекол „Ме злоставуваа седум години“.
Соседите истакнуваат дека момчето било повлечено и тивко, и дека поради тоа трпел малтретирање на училиште. Во видеото кое се појавило на интернет, а на кои тој изнесува разни навреди на сметка на турската заедницам, наводно споменал дека седум години го тепале на училиште, па се појавија теории дека можеби одмзда бил мотивот за крвопролевањето.
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 20 се ранети, кога напаѓачот отворил оган во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен. Се уште нема информации за жртвите, освен бројот и дека очекуваат повеќе жртви.Според првите сознанија, полицијата го идентификувала напаѓачот на трговскиот центар во Минхен како Али Сонбол, 18-годишник кој имал двојно д