„Тивок убиец“: Симптоми за рак на јајници што НЕ СМЕЕТЕ да ги игнорирате!

Ракот на јајниците и понатаму претставува мистерија за докторите и научниците, со оглед на тоа дека сѐ уште е тешко да се открие во рана фаза. Овој „тивок убиец“ е еден од најсмртоносните ракови и иако факторите за неговата појава се и понатаму непознати, постојат симптоми кои сугерираат дека можеби некоја личност го има.1. Подуеност на стомакот или оток: Стомакот се зголемува и вие се чувствувате подуени и полни со гас. Ќе забележите дека дел од вашата облека се стеснила околу половината и колковите.
2. Запек и други промени на дебелото црево.
3. Болка во карлицата: Може да се чувствувате непријатно или болно во пределот на карлицата. Ако вашата болка продолжува, не треба да пиете лекови. Вашата болка обично сака да ви даде важна порака.
4. Болка во долниот дел од грбот, особено ако се префрли кон карличната област.
5. Често мокрење: Многу жени го имаат доживеано ова и често е знак на слабите карлични мускули (кои можат да бидат засилени со Кегел вежби), или може да имаат инфекција на уринарниот тракт. Имајте го ова во предвид и пазете, бидејќи може да биде знак на нешто многу посериозно.

6. Губење на апетитот и брзо заситување кога јадете: Значи необјаснето губење на килограми. Жените обично се радуваат кога ќе ослабат неколку килограми, но тоа не е секогаш добар знак.
7. Замор: Чувството на умор и без енергија, може да значат почеток на оваа болест.
8. Болка при сексуалната активност
Сепак, ова не значи дека треба да ги имате сите горенаведени симптоми. Понекогаш, само еден знак може да даде сигнал дека нешто не е во ред. Ако симптомите продолжуваат и до 2 недели и повеќе, значи дека е време да го посетите вашиот лекар и да проверите што се случува со вас.
Ризични фактори
Точната причина за појава на рак на јајниците не е позната, но постојат некои фактори на ризик кои може да ги зголемат шансите и кои треба да ги знаете, а тоа се:
– Возраст
– Историја на семејни болести
– Раѓање и менструација и др.

Пронајдете не на следниве мрежи: