Неодамна се појави приказна за девојка која лута низ Рим, а никој не знае која е таа. Се јавил нејзиниот татко од Шведска кој тврди дека неговата ќерка исчезнала во Италија и дека има Аспергеров синдром.Мистериозната тинејџерка која шета по улиците на Рим се вика Ембла Јаухојаври од Стокхолм. Девојката боледува од Аспергеров синдром и пред шест месеци отишла во Италија.
Нејзиниот татко Таво рекол дека контактирал со полицијата и се надева дека таа ќе ја згрижи неговата ќерка додека тој не појде по неа.
„Отиде во Италија да студира јазик. Шест месеци се обидував да добијам помош од шведската полиција, но безуспешно. Таа има Аспергеров синдром и изгубив контакт со неа откако замина. Ја молев полицијата да ја пронајдат, а тие ми рекоа дека не можат ништо бидејќи не е полнолетна“, рекол таткото.
Кога ја нашле, девојката со себе немала документи. Била пристојна и не сакала пари. На сите им велела дека дека има 20 години и дека е од Британија. Италијанската полиција рекла дека ја привеле за разговор. Им кажала дека се вика Марија. Ја пуштиле бидејќи не сторила ништо противзаконско.
Аспергеров синдроме пореметување чија главна карактеристика е неспособноста за функционирање во општеството.Мистериозната тинејџерка која шета по улиците на Рим се вика Ембла Јаухојаври од Стокхолм. Девојката боледува од Аспергеров синдром и&n