Тоа што нема разговори од другата страна јасно е дека таа ги правела разговорите, треба да бидат гонети

Ако се незаконски тие разговори, тие треба да се уништат. Незаконски е работено, незаконски е прислушувано, вели универзитетскиот професор Саво Климовски во интервјуто за Сител.Едноставно вие сте формирани за да утрвдите однапред дека е нешто незаконито, ако е така тоа незаконито, тогаш соберете ги сите, прогласете ги за незаконити снимките, а тие што ги правеле тие снимки на незкаонски начин, без налог, без судско, решение, во тој случај,  завршете со гонењето на тие луѓе, вели Климовски.
Тој смета дека тоа што се објавуваат разговори за едната страна, а не слушнавме ниту еден разговор на другата страна е веќе јасна претпоставка кој ги правел разговорите, дека ги правела другата страна разговорите.
-А  можеби и некои кругови од другата страна кои што ги правеле разговорите за сопствените членови, тие ќе им удрат друга цена при пазарењето со дисциплината, односот, на тие членови спрема нив лично претставувајќи се дека се партија на опозицијата. Овде имаме двојно уценување, ги имаме уценето сите граѓани од една страна, а од друга веќе имаме материјал да си опстоиме на политичката сцена со уцена на сопственото членство на сопствените граѓани во било која смисла, партиска, материјална. Тоа е еден таков недостоен, расишан чин, кој може едноставно да го доведе народот до едно неконтролирано дејствување, зошто вие може до некаде да ги контролирате состојбите, да уценувате мал круг на луѓе, но доколку таа рак рана се прошири на целото општество, јас не знам кој ќе може тоа да го контролира, вели Климовски.
Климовски смета дека уште во оној момент кога Груевски излезе со изјавата дека во државата се спрема „Пуч“, тоа е најсилниот аларм за секој јавен обвинител во рок од 3 дена, не повеќе, да даде објава во која што ќе рече сите снимени материј ли ќе се достават до ЈО или во истиот момент покренувам кривична постапка и ги апсам сите тие кои што се закануваат со таков вид на уцени на власт и на граѓаните.
-Тоа беше наједоноставен начин да се стави точка на овој случај. А колку време се снимале, кој тоа го дозволил и така натаму произлегува од овој чин. Вие кога ќе уапсите некого, и не само што ќе ги уапсите и ќе дадете приоритет во процисуирањето на состојбите, нема ништо поитно од ЈО ако некој ти руши држава. Го уапсија Верушевски, го обвинија претседателот на СДСМ и го развлекоа случајот, меѓутоа, требаше оној кој што го обзнани случајот, во овој случај господинот Заев, требаше да му се издаде јавна покана во рок од 3 дена да ги достави сите материјали што ги има со кои што располгала во моментот и од тој момент да се започне итна постапка за разрешување на овој случај. Ова ќе има огромни последици, веќе не знаеме кај кого е продадено, раздадено, купено и кој со што ќе уценува. СЈО може да манипулира како сака, нема архивски број, не знаеме што е заведено таму. СЈО си ја рашири својата дејност надвор од оние овластувања кои му се утврдени со закон, вели Климовски.Едноставно вие сте формирани за да утрвдите однапред дека е нешто незаконито, ако е така тоа незаконито, тогаш соберете ги сите, прогласете ги за н

Пронајдете не на следниве мрежи: