Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што ДИК активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ, истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.-Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои што се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи.
Јавноста треба да знае, додаде Тодоров на прес-конференцијата, дека Фатиме Сулејмани, не пријавила ниту дека ја изгубила личната карта ниту дека некој и ја украл, а таа лична карта е заведена во избирачкиот список и многу е веројатно согласно исказите на сите членови на избирачкиот одбор јавно кажани вчера дека таа лична карта е искористена за гласање.
-Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ. Ова е сценариото на постизборен инженеринг што треба да биде реализиран по нечија наредба. Членовите на ДИК кои излегоа надвор од своите надлежности треба да размислат дали заради вакво сценарио се подготвени да испратат во затвор седум луѓе. Дали членовите на ДИК сфаќаат што ќе им направат на семејствата на Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди? Дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе граѓанката Фатиме Сулејмани во Скопје? Дали знаат дека таа стигна со ново Ауди А8? И дали знаат чиво е тоа Ауди А8? Дали знаат каде во моментот е еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотреби Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри, запраша Тодоров.
За се ова, рече тој, постои и морална и материјална и кривична одговорност.
-Дали сте свесни што правите? Дали имате совест? дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инжинеринг да испратите во затвор седум невини луѓе? Свестете се немојте да газите преку живи луѓе, потенцираше Тодоров.-Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила п