Договорот од Пржино е спроведен во најголем дел и не е мртов, неговата имплементација продолжува, вели за Радио Слободна Македонија министерот за здравство и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.-Нов пржински договор не е потребен, од причина што договорот се спроведува. Не гледам зошто нов договор би бил потребен. Опозицијата кога сака нека каже, 100 дена пред избори ќе влезат во влада, ќе имаме избори, ќе изгубат на тие избори и ќе заврши кризата. ОД друга страна имаме сериозни реформи според Прибе кои ни претстојат. Избори и реформи не одат заедно така што или ќе имаме избори за 3 месеци или реформи за кои е потребна најмалку една година. Ние сме подготвени и за двете опции. Но СДСМ се тие кои панично бегаат од избори иако тврдат дека народот е зад нив. Ако е народот зад нив нека излезат на избори, тој народ нека ги гласа и нека победат. Но реалноста е поинаква, вели Тодоров.
Тодоров смета дека со формирањето на политичката влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да започне процес на стабилизација на општеството и спроведување на неопходните реформи кои ги бара меѓународната заедница. Сепак според него, важно е и СДСМ да не игра деструктивна улога како што тоа се правеше во изминатиот период особено со насилните протести.
-Оваа битка за слобода и демократија е лажна битка, фикција, дел од кампања. Они викаат вака- ќе правиме програма- не не бива, ај да правиме кампања за слобода и демократија. Ај да најдеме држава каде нема слобода и демократија и да видиме како тоа таму функцвионира- дали опозицијата таму може д аизлезе ид а каже дека нема слобода? Во Макеоднија нема човек кој не го слушнал овој став на СДСМ. Они му нудат на макеоднскиот анрод слобода и демократија а тоа не му треба- народот го има тоа. Му треба вработување, повисока плата, на некого болница, на некого ново училиште, некаде градинка, водовод, пат.. слобода и демократија се најзначајни но тие во Макеоднија ги има, вели Тодоров
Тодоров најавува дека владата ќе продолжи со проектите и отворањето нови работни места.-Нов пржински договор не е потребен, од причина што договорот се спроведува. Не гледам зошто нов договор би бил потребен. Опозицијата кога сака нек