Она што го гледам на улиците низ градовите во Македонија е мирно изразување на незадоволство, една битка која што на ниту еден начин не се конфронтира со кој било друг и не предизвикува никаква штета. Ова го порача во интервју на ТВ Нова членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
-Претходно се уништуваа и демолираа државните институции и државниот имот, се креираше тензија и имаше напад на полиција, а сега нема ништо од тоа, и од тој аспект, ова е еден многу демократски чин, посочи Тодоров.
Вели дека го изненадиле изјавите со кои граѓаните што протестираат се нарекуваат фашисти.
-Ги направија фашисти сите оние кои демократски го изразуваат своето несогласување со нешто, што е врв на демократското право, особено кога тие со ништо и никому не прават зло, истакна Тодоров.
Тој подвлече дека ова е една многу опасна теза што го покажува тоталитарниот начин на размислување на оние што ги дадоа овие изјави.
Тодоров повика да се оградат од ваквите изјави и да се извинат за тешката и груба навреда кон граѓаните кои изразуваат револт.
– Доколку тоа не го направат, тогаш ќе ја потврдат оваа теза дека имаат еден тоталитарен и крајно недемократски начин на размислување, а тоа сигурно и би го примениле доколку би владееле, посочи членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го порача во интервју на ТВ Нова членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
-Претходно се уништуваа и демолираа државни