Пред нас е една комплетно нова и модерна болница, изградена од темел, и што е уште поважно изградена според најновите светски стандарди во оваа област. Оваа установа претходно функционираше во многу стар, веќе дотраен објект, кој датираше од 1965 година, и кој и првично бил предвиден само за времена употреба.Истиот беше донација од Шведска и од Норвешка, како помош по Скопскиот земјотрес. Тогаш, започна една успешна прказна на институционализација на една здравствена установа за деца, која денеска добива потполно нови димензии. Да се потсетиме дека старите објекти беа од времен карактер и беа апсолутно дотраени, и без посериозни инвестиции за целиот период на користењето на времените бараки, рече министерот за здравство Никола Тодоров при пуштањето во употреба на новиот објект на Детската клиника Козле.
-По повеќе од 45 години фунцкионирање во времени објекти во кои не требало да функционира болницата повеќе од десетина години, Владата, донесе одлука за изградба на комплетно нов и современ објект. Изградбата на комплетно нова болница го чинеше здравствениот систем околу 7 милиони евра. Ова НЕ е инвестиција во посовремени услови за лекување на децата, туку е инвестиција во Иднината на нашите граѓани, камен/темелник во здравјето на нашите најмили и инвестиција од која бенефит ќе имаат сите идни генерации, рече Тодоров.
Министерот нагласи дека објектот е со површина од околу 6.700 метри квадратни, со капацитет од вкупно 104 кревети (98 болнички и 6 крeвети во интензивна нега), и исто толкав капацитет за сместување на по 1 родител како придружба на детето.
-За разлика од досега, кога само една третина од пациентите можеа да имаат родителска придружба, во новиот објект секое дете кое ќе биде хоспитализирано ќе може да биде придружувано од родителот. Ова сериозно ќе придонесе за намалување на траумите кај децата, кои неминовно се криеираа секогаш кога ќе требаше да бидат разделени од својот родител. Во новиот објект на болницата, децата ќе бидат сместени во иста соба со војот родител или придружник, во сосема различен амбиент, кој е дизајниран да биде пријатен за децата и да го минимизира чуството за престој во класична болничка установа. Ова ниво на услуга која досега ја немаше, е на ранг на највисоко развиените европски држави, а истовремено во историја заминуваат тро, четро и повеќекреветните соби. Сега пациентите ќе бидат хоспитализирани во еднокреветни или двокревени соби со тоалет со купатило во секоја соба, нешто што исто така досега го немаше. Сите соби се соодветно опремени, со големи и мали кревети, а проектирани се и пултови за преповивање со вградени кадички за бањање на бебиња, рече Тодоров.
Во делот на приземјето, на едниот тракт е изолирана интензивна и постинтензивна нега. Во делот за интензивна нега, предвиден е посебен простор за децата на интензивна нега со 6 места, наменет е и посебен простор за инкубатори, односно неонатолошки дел, како и простор за подготовка на терапија.
-Во постинтензивната нега има место за 10 пациенти, во истиот тракт. Досегашата интензивна нега воопшти не ги исполнуваше стандардите на денешното време, односно во реалноста беше полу/интензивна нега, а воопшто и не стануваше збор а посебен дел за пост интензивна нега како посебен дел. Само со ова, постои неспоредливост на здравствената услуга која што досега се добиваше во оваа болница и она што ќе се добива од сега понатаму. Во текот на уредувањето на објектот, особено внимание е посветено на изборот на материјали, бои, мебел, со цел да се овозможи што е можно поудобен и попријатен престој за децата. Можете да забележите дека и самата фасада е разиграна, како и партерното уредување, а и во ентериерот доминираат детски мотиви низ орнаментиката, а во објектот има и неколку игротеки кои се наменети за амбулантските и за хоспитализираните пациенти. Треба да се присетиме дека досегашниот објект беше многу поизраен како болница, и уште на прв поглед не беше привлечен за децата, со што самото искусво за децата во првиот момент беше непријатно. Треба да нагласиме дека на подот е употребуван специјален лак за заштита, со кој се превенира оштетување на подот на подолг временски период, рече Тодоров.Истиот беше донација од Шведска и од Норвешка, како помош по Скопскиот земјотрес. Тогаш, започна една успешна прказна на институционализација