Кренете се кумановчани , исправете се херои, доаѓа денот на победата, вака синоќа им се обрати на кумановчани носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ Никола Тодоров.-Кумановчани никогаш не биле и нема да бидат со свиткана кичма. Застанете гордо и достоинствено, херојски и храбро, приклучете ни се во походот за ставање на крај на оваа криза . Да застанеме сите заедно под едно знаме, да застанеме сите заедно под македонското знаме . За Македонија се работи . Една Македонија, број 1 за Македонија. Славиме победа во недела. Да живее Куманово, да живее Р .Македонија, истакна Тодоров.
-Кумановчани никогаш не биле и нема да бидат со свиткана кичма. Застанете гордо и достоинствено, херојски и храбро, приклучете ни се во поход