Две години. Две години на криза, деструкција, уништување. Години на вандализам, на сеење на страв, години на лаги и конструкции. Помина долг период на манипулации, местенки, шпиунски конструкции и удбашки методи, истакна на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ носителот на листата во втората изборна единица, Никола Тодоров.-Поминаа години на негирање на македонските институции, на негирање на македонската држава и на македонскиот народ. Години на платенички револуции, на притисоци. Години на обид за кршење на кичмата на граѓаните и на државата. И сето ова направено по сценарио. Прецизно и добро осмислено сценарио за деструкција, за криза и уништување. Сценарио за кршење на кичмата на Македонецот. Сценарио напишано од искусни сценаристи на кризи. Прецизно и со утврдени рокови и ликови. Сценарио во кое точно се знае кој платеник што треба да направи, во кој рок и за колку пари. Сценарио напишано од сценаристи со огромно искуство кои се’ предвиделе, се’ искалкулирале, рече тој.
Но, додаде Тодоров, пропуштиле да направат една работа.
-Не ја прочитале Пиреј, Пиреј од Петре М. Андреевски. Во Пиреј се вели: „Народот наш е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“ Да го прочитаа ова, ќе знаеа дека нема така лесно да можат да го имплементираат ова сценарио. Тука згрешија. Не потценија. Лошо не проценија. Џабе им е сценариото и милионите евра кои ги имаат на располагање за разнебитување на државата. Сите во државава, до последен, сфатија за што станува збор и за какво сценарио станува збор. Сите ја увидоа чистата спротивност. Сите видовме дека и они имаат предвидено план, со прецизни рокови, буџет, и план за тоа кој за што е одговорен. Но, за жал тоа не е план за напредок и проекти, не е план за нови патишта и болници, ниту план за нови школи, водоводи, субвенции и отварање на нови фабрики. Тоа не е план кој ќе донесе добро. Тоа е план за уништување и вандализми, план за криза и деструкција. Тоа е план базиран на лага, базиран на глад за уништување, план кој во својата суштина ја содржи нивната алчноста. Чист антипод на сето она што ние сме го правеле и за што сме се залагале во изминатите години. И тука се гледа разликата, така јасно, така чисто, како да споредуваш црно и бело, рече Тодоров.
Се обидоа и да внесат страв, додаде тој, да не заплашат, да не поколебаат.
-Но, како што се вели стравот е страшен само за оние што му се плашат. Ние не им се плашевме, ниту пак им се плашиме. Силно и цврсто на нозе стоевме и ќе стоиме се додека знаеме за кого се бориме. Се додека се бориме за државата нема повлекување. Нема одмор, нема не можам. Нема калкулирање. Нема страв. Од никого. Најмалку од Заев и од неговото викање по емисии и прес конференции. Тој вика и се заканува затоа што он се плаши. Он е уплашен. Уплашен од себе и од тоа што го ветил. И од тоа што го направил. Посебно од тоа што треба да го направи. Не е лесно да работиш против сопствената земја и сопствениот народ. Посебно кога знаеш дека овде има народ кој прошол многу. Најчесто лошо. Народ кој знае дека лошото време го прават лошите луѓе.
Лошото поминува, рече Тодоров. -Од денес тргнуваме уште посилно кон излез од кризата и невремето што ни го приреди Заев со неговите така наречени невладини организации. На 11 декември- народот си доаѓа по своето. Така силно ќе ги пораз и да не знаат каде да се свртат. Не само заради нив, туку и за на никого повеќе да не му текне, да не се осмели да тргне против сопствениот народ и сопствената држава. Како што вели нашиот народ – За памет. Победуваме. Победуваме заедно и сплотени. Победуваме силно во оваа тешка и долга битка. Победуваме со 63 пратеници за стабилна држава, за стабилна Македонија.-Поминаа години на негирање на македонските институции, на негирање на македонската држава и на македонскиот народ. Години на платенички револуции,