Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска престојува во работна посета на Штип, во рамки на која покрај посетата на Клиничката болница, реализираше и средба со поголема група пензионери со кои разговараше за бенефитот и ефектот од повеќе проекти и мерки наменети токму за оваа категорија граѓани.На средбата беше потенциран проектот Домашна визита, во рамки на кој патронажните тимови од здравствените домови ги посетуваат повозрасните лица во нивните домови, вршат превентивни здравствени прегледи (мерење на ниво на шеќер во крвта, крвен притисок, и сл.) и даваат совети за здрава исхрана и здрави стилови на живот.
Министерот истакна дека проектот се реализира со цел унапредување на грижата за оваа категорија граѓани, и ставање посебен фокус на превентивните прегледи.
Тодоров спомена и други бројни мерки за пензионерите и повозрасните лица, како што се: бесплатно болничко лекување за пензионери со пензија пониска од просечната, намалувањето на цените на лековите, и други. Воедно, порача дека во Штип се реализира еден од капиталните проекти во здравството – изградба на нова најсовремена Клиничка болница Штип.На средбата беше потенциран проектот Домашна визита, во рамки на кој патронажните тимови од здравствените домови ги посетуваат повозрасните лица во