Носителот на изборната листа од втората изборна единица, од Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров и кандидатите за пратеници од оваа изборна листа, вечерва пред кумановци од булеварот „Октомвриска револуција“ одржаа мини митинг на кој презентираа дел од проектите опфатени во програмата „Реално“.Тој се осврна на мерката која ја нуди политичкиот опоненет, враќање на 15 проценти на ДДВ, со што на крајот на годината, семејствата треба да добијат 30.000 денари дополнителни приходи, посочувајќи, дека се потребни значителни месечни приходи кои треба да потроши едно семејство за да му се вратат тие средства.
-За да ти вратат 30.000 денари на крајот од годината, секое семејство треба да потроши над 1.550 евра месечно само на продукти каде што данокот е 18 проценти, а бидејќи има продукти каде што ДДВ-то е 5 проценти, тоа значи дека семејството треба да потроши над 2.000 евра за да може на крајот од годината да му се вратат 30.000евра.Тој што има да потроши 2.000 евра месечно, дали му значат овие пари, праша Тодоров.
Тој ги потести кумановци дека на први јануари 2006 година кога владеело СДСМ, невработени во градот биле 23.000, а само 15.000 вработени лица. Денеска,рече, десет години подоцна во Куманово има обратна состојба, 23.000 вработени и околу 14.200 невработени.
-Ова е комплетно спротивна слика што покажува, кој во овие десет години работел, добро мисли на народот, отвара работни места, а кој цело време напаѓал, навредувал и се нудел како лоша алтернатива, рече Тодоров.
Тој ги праша кумановци од оваа урбана заедница дали сакаат да се вратат на старо и да ги вратат луѓето кои го оставија градот со 23.000 невработени.
-Денеска истите тие луѓе нудат живот, а на Куманово, истите тие луѓе му го земаа животот, со тоа што ги затворија фабриките. Дел од тие фабрики сега се во нашата програма, ние ги именувавме како стопански капацитети, жртви на транзицијата и транзицијата кои што тие ја спроведоа, рече Тодоров.
Во програмата, рече тој, предвидено е отварање нови 70.000 работни места, дополнително намалување на невработеноста од 24 на 17 до 18 проценти, зголемување на пензии за 10,25 проценти, зголемување на платите за 10,25 отсто, зголемување на социјална помош за 50 проценти, инвестиции во опрема во здравство, изградба на ургентен центар во Куманово, реконструкција на автопатот од Куманово-Миладиновци на двете коловозни ленти и други инвестици во патна инфраструктура.
-Тука има огромна разлика од една страна, луѓе кои сакаат да го измамат сопствениот народ и од друга страна тим кој што има конкретна програма, со конкретни рокови, со буџет и гаранција дека тоа ќе го оствари, а гаранцијата е отчетот за тоа што сме го направиле, рече Тодоров.
Тој рече дека на 11 декември, граѓаните на Куманово ќе одберат просперитет, да одат напред, да се продолжи со намалување на невработеноста и ќе одберат рестартирање на капацитетите.
Пред кумановци се обратија и кандидатите за пратеници,Иван Стоиљковиќ, Владанка Авировиќ, Зоран Ѓорѓиевски, Драган Петковски, Емилија Трајковска и Марио Цветковски. Коалцијата „За подобра Македонија“вечерва ќе одржи мини митинг во наслебата „Карпош“.Тој се осврна на мерката која ја нуди политичкиот опоненет, враќање на 15 проценти на ДДВ, со што на крајот на годината, семејствата треба да добиј