ВМРО-ДПМНЕ како по традиција заедно со граѓаните ја прави програмата. Нашите политички опоненти го копираат овој метод со цел да го постигнат овој стандард кој ВМРО-ДПМНЕ го постави, истакна на вечерашната трибина во Облешево министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.Тодоров потенцираше дека и на експертско ниво внимателно се анализираат проблемите и се предлагаат решенија, а за сето она што е ставено во програма напорно се работи за да се реализира.
– Секој кој ќе вети дека ќе ги реши сите проблеми, има лажен и нефер пристап. Не може да се решат сите проблеми, тоа е невозможно, но ние ветуваме дека ќе работиме посветено да го реализираме сето она што сме го ветиле, порача Тодоров.
Пред присутните, Тодоров праша дали имаше субвенции во времето на СДСМ. Над 700 милиони евра се поделени на македонските земјоделци во изминативе години. Тоа е вистинска и искрена поддршка, тоа овозможи да живеат селата, порача Тодоров.
Во делот на здравството, министерот нагласи дека во 2003-2004 година имаше 1 акцелератор кој не беше инсталиран и болните за зрачна терапија мораа да бараат излез надвор од државата.
-Потоа кога имаше акцелератор, времето на чекање беше 3, 4 или 5 месеци. Денес времето на чекање е 3 дена, посочи Тодоров.
За интервентна кардиологија истакна дека порано се чекало 7-8 месеци, или немало стентови, а денес нема листа на чекање.
-4700 лекови се со намалени цени, и со тоа 33 милиони евра останаа кај граѓаните или во здравствениот систем. Прашањето е каде претходно завршувале овие средства, порача Тодоров на трибината во Облешево.Тодоров потенцираше дека и на експертско ниво внимателно се анализираат проблемите и се предлагаат решенија, а за сето она што е ставено