Нудат како да е нивна дедовина, како да го купиле со пари, а не разбираат дека нудат нешто што со крв е створено, нудат нешто за што многу луѓе загинале и се жртвувале. Не може да се нуди Македонија, Македонија не е на продажба. Нашиот јазик е нашата гордост, нашиот јазик е нашиот идентитет, нашата нација е горда и исправена нација, истакна на вечерашниот митинг во Куманово пред младите, ветераните и бранителите носителот на листата во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.-Наоѓаа 100 начини и изговори како да го спречат македонскиот народ да одлучи во Македонија. Смислуваа тактики, изговори се со цел на македонскиот народ да му го одземат сувереното право да одлучува за сопствената државата. Две години се боревме против тоа, но со една цел – да дојдеме до 11 декември кој ќе биде новиот празник за Македонија, новиот референдум на кој Македонците ќе порачаат Македонија е независна и суверена држава, Македонија е унитарна држава. Овде од Куманово порачуваме Македонија е сè што имаме, отсекогаш ни била во срцето и за Македонија секогаш сме подготвени да се бориме, посочи Тодоров.
Овој пат, рече тој, тоа ќе биде со масовна излезност на 11 декември кога македонскиот народ ќе каже „ДА“ за Македонија, а „НЕ“ за сите оние кои сакаат да продаваат делови од македонскиот национален интерес само за да дојдат до фотелја.-Наоѓаа 100 начини и изговори како да го спречат македонскиот народ да одлучи во Македонија. Смислуваа тактики, изговори се со цел на македонскиот