Немаат кредибилност ветувањата на СДСМ за покачувањето на платите на лекарите, рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање.-Опозицијата е јака на вилица, тоа добро го знаеме. Секогаш знаат да ветат нешто, а никогаш тоа не го реализирале. Најдобар одговор на тоа е да се запрашаме : Дали некогаш претходно ги покачиле платите? Имале можност, биле во позиција да управуваат и со Министерството за здравство и со Владата и никогаш не ги покачиле платите на лекарите. Напротив, спротивно на тоа што они го зборуваат ние веќе сме го направиле. За 25 % се покачени платите и на докторите во Клиничкиот центар во Скопје и на докторите во сите општи болници. Покачена е платата и на специјалистите во Здравствените домови и на докторите во Итната медицинска помош, рече Тододров.
Министерот посочи дека примањата на еден доктор специјалист во болниците низ Македонија се движи во овој момент некаде околу 50 до 60.000 денари и треба само да се спореди платата со времето кога СДСМ биле на власт. Потенцираше дека немаат кредибилност ветувањата на СДСМ.-Опозицијата е јака на вилица, тоа добро го знаеме. Секогаш знаат да ветат нешто, а никогаш тоа не го реализирале. Најдобар одговор на тоа е да се