Тодоров: Овој договор е во интерес на државата и граѓаните: Ќе направиме се целосно да се спроведе

Искрено се надевам дека ќе успее да помине Изборниот законик во Собрание, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во интервју за Телма. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за тоа да успее.-Ние имаме интерес овој договор да се спроведе во целост така како што е склучен, како што се договорија 4-те политички партии. Ова е договор кој што го трасира патот за излез од кризата а нашиот најголем интерес како партија е Македонија да ја остави оваа криза зад себе и да продолжи по патот на просперитет и развој. А тоа е единствено можно со организирање на фер и демократски избори, до кои може да се дојде со целосно имплементација на овој договор, вели Тодоров.
Тодоров подвлече дека од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени целосно и навремено да ги реализираат сите обврски без никакви опструкции.
-Овој договор е во интерес и на државата и на граѓаните, а во интерес е и на ВМРО-ДПМНЕ и од тој аспект ќе направиме се овој договор што е можно побрзо да се имплементира онака како што е склучен, подвлекува тој.
Целото интервју погледнете го на следниот линк:-Ние имаме интерес овој договор да се спроведе во целост така како што е склучен, како што се договорија 4-те политички партии. Ова е договор кој ш

Пронајдете не на следниве мрежи: