недела, 29 ноември 2026
Најново

Тодоров: Продолжуваат мерките за бесплатен превоз на студентите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидуваме продолжување со два многу значајни проекти за младите. Првиот е бесплатниот превоз за студенти, истакна денес носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Никола Тодоров.-Оваа мерка досега ја искористија 22 илјади студенти во градот Скопје, тоа се студенти од целата држава и со тоа се заштедени на студентите некаде околу 4 милиони евра. Исто така со новата програма се предвидува и продолжување на проектот за бесплатен железнички превоз и тоа секој прв и трет викенд во месецот. Оваа мерка досега ја искористиле околу 50 илјади млади лица до 27 години и оваа мерка е предвидено да продолжи со новата програма. Како што кажав станува збор за две многу значајни мерки кои што исто така се предвидени и во новата програма Реално и кои што ќе бидат достапни за сите млади луѓе во државата, посочи Тодоров.-Оваа мерка досега ја искористија 22 илјади студенти во градот Скопје, тоа се студенти од целата држава и со тоа се заштедени на студентите некаде

Поврзани вести