Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров вечерва пред партиското седиште изјави дека одлуката на Државната изборна комисија да се изврши графолошко вештачење на потписот на жената во избирачкото место во Гостивар е скандалозна и апелираше ДИК да ја корегира ваквата одлука.– И покрај тоа што од ОИК и претставниците од Избирачкиот одбор потврдија дека станува збор за жена која двапати се обидела да го искористи правото на глас, ДИК донесе скандалозна, погрешна одлука да се изврши графолошко вештачење. Ваква одлука е незапаметена во македонската историја и во македонското изборно законодавство. Апелираме ДИК и нејзините членови да ја корегираат оваа погрешна одлука и да не дозволат ДИК да работи спротивно на законските прописи, истакна Тодоров.
Денешниот преседан на ДИК во пракса значи дека во иднина секој што излегол да гласа може да се потпише во Избирачкиот список различно од потписот во личната карта и тоа да стане основа за масовни оспорувања на Избирачкиот процес, кој ќе биде блокиран преку илјадници барања за вештачења. Споменатата жена Фатиме Сулејмани имала трага и на прстот и личната карта и фотографијата се поклопувале.– И покрај тоа што од ОИК и претставниците од Избирачкиот одбор потврдија дека станува збор за жена која двапати се обидела да го искористи п