Тодоров: Со „Мој термин“ извршивме суштинска реформа во здравството за која интерес пројавуваат и други земји

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ За здрав живот“ што се одржа вчера учество земаа министерот за здравство Никола Тодоров , доктор Александар Митов, Соња Липиткова, државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање , Саше Стефановски директор на ФЗОМ, доктор Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести и доктор Виктор Камиловски од Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.Министерот Тодоров во своето излагање се осврна на системот „Мој термин“ кој беше воведен во здравството и претставува суштинска реформа за која веќе интерес пројавуваат и други земји.
-Порано беше незамисливо дека може да има ваков систем и да се извадат вакви податоци за здравствената состојба од еден систем. Додека  пак сега може да знаме каква била здравствената состојба минатата недела за цела Македонија, рече Тодоров.
Тој е горд на овој проект и на целата проектна единица која што го имплементираше овој систем и потенцираше дека за успешноста на проектот  говорат и анкетите за задоволство кои покажуваат високи проценти на задоволство и меѓу пациентите и меѓи здравствените работници и тоа на 70 %.
Министерот се осврна и на  Државната кардиохирургија која пред 40 години, како што рече, беше сон за докторите, додека сега веќе неколку години одлично функционира оваа клиника во Македонија.
-Показател за тоа е фактот дека кога почнуваше со работа Клиниката за кардиохирургија се вршеа 20 до 30 интервенции годишно, а сега тој број на интервенции се врши на месечно ниво, рече Тодоров.
Во контекст на Кардиохирургијата се надоврза и доктор Софијанова која истакна дека ако пред 40 години се зборувало за Државна кардиохирургија за детска кардиохирургија не станувало ни збор и тогаш децата се носеле на кардиохируршки операции во странство. Денес успешно функционира овој проект во Македонија.Министерот Тодоров во своето излагање се осврна на системот „Мој термин“ кој беше воведен во здравството и претставува суштинска реформ

Пронајдете не на следниве мрежи: