Со инвестиција од околу 56 милиони евра Штип ќе ја добие најголемата и најмодерната болница во македонското здравство, која ќе ги помести стандардите во регионот и ќе нуди услуги а повеќе од 200.000 жители од источниот регион.Камен темелникот на болницата беше ставен вчера, а таму присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Министерот Тодоров во гостувањето на Сител, појасни дека станува збор за исклучително напреден здравствен објект, кој ќе содржи најсовремен пристап со последни стандарди кон изградба на ваков тип на објект.
-Самиот проект е исклучително сложен, над 30.000 страници и практично неколку години работевме на овој проект. Истиот ќе овозможи многу поефикасно функционирање на здравствената установа со многу помали трошоци но и многу подобро поверување на внатрешните одделенија. Системот на пневматска туба со кој што ќе имаме пневматски пренос на крвта која што се зема од пациентите и ќе овозможи многу подобра организација и многу помало шетање на пациентите од едно до друго место, објасни Тодоров.
Министерот подвлече дека во изминатиот период биле многу ангажирани и фокусирани на Клиничката болница во Штип, паралелно и на персоналот кој ќе работи таму.
-До сега се реализирани околу 140 нови вработувања во оваа клиничка болница со што е зајакнат човечкиот потенцијал. Над 120 доктори и медицински сестри беа испратени на едукација во странство, од кои 65 доктори, 30 доктори се пратени на специјализација, од кои 4 на специјализација во странство, рече Тодоров.
Се работи на три аспекти, заклучи тој, објект, опрема и персонал. Тодоров појасни дека стариот објект ќе се руши, односно еден дел се руши, па се прави нова градба и се префрлуваат содржините во новиот објект.
-Освен делот каде што е сместен ангеографот, компјутерот и магнетот кој што е новоизграден дел, кој што ќе биде вклопен во новата градба, старите делови кои датираат од пред 80 години ќе бидат рушени, рече тој.
Со оглед на тоа што болницата ќе има највисоки стандарди во Македонија но и во регионот се очекува да има и пациенти од странство, заклучи Тодоров.
Целото гостување во вестите на Сител, погледнете го видеото:Камен темелникот на болницата беше ставен вчера, а таму присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Г