Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров кој ја преставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските разговори, изјави дека очекува да биде постигнат договор на денешната средба што ќе се одржи во резиденцијата на американскиот абасадор Џес Бејли.– Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш после изборите, а доколку победи за тоа нема потреба. ВМРО – ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР односно да нема масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров по доделувањето акредитации на првите три здравствени установи.
Со неприфаќањето на овој нивни предлог, според Тодоров, СДСМ јавно пред граѓаните признава дека е свесен оти ќе ги загуби следните избори.
Тодоров истакна дека е најважно да се гледа предлогот што е на маса и повтори, доколку СДСМ загуби нивните министри веднаш да остапат од функциите. Фактот што тоа се одбива, потенцира, говори дека се свесни дека ќе ги изгубат изборите.
Што се однесува до ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Тодоров дециден дека е неточно оти ВМРО – ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.
– Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не барало да се намалат ингеренциите, односно министерот за внатрешни работи да нема никакви ингеренции. Тоа е неточна работа и е желба за извртување на вистината со цел повторно да бидат во можност за масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров.
За време на преговорите за договорот во јуни-јули, рече Тодоров, кога се разговараше за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, претседателот на СДСМ Зоран Заев истакнал дека нивниот план не е да прават масовни смени, туку да направат максимум 12 смени. Она што го направија, посочи Тодоров, е смена на 400 лица во МВР.
– Тоа беше масовна партиска чистка која СДСМ во периодот на нивниот технички министер ја направи во МВР, рече Тодоров и додаде оти сега треба да се превенира и да се оневозможат партиски чистки во МВР и злоупотреба на МВР во политички цели.
Според него, нема друг страв кај СДСМ освен стравот од соочувањето со народот. Тоа, оцени, е единственото логична причина зошто не го прифаќаат ова барање.
– Барањето е многу јасно бидејќи станува збор за технички министер чија улога е да се спроведат изборите од повеќе аспекти. Неговата улога завршува со денот на изборите, а тоа што тие сакаат да останат некој ден плус да останат во Владата е заради тоа што во овој период развија потреба да бидат дел од Владата без за тоа да одлучат граѓаните, појасни Тодоров.
На новинарско прашање дали се возможни избори на 11 декември, Тодоров изрази надеж дека ќе има, но смета дека СДСМ е очајно, бега од договор, како што рече, со цел да избега од избори.
– Единствената прочина зошто досега нема договор е фактот што СДСМ знае оти со изборите народот ќе ја испорача факутрата за целата оваа криза што СДСМ и на наметна на Република Македонија и за целиот овој период на пролонгирање на кризтаа по инсистирање или врз основа на чекори кои ги презема СДСМ, изјави Никола Тодоров.– Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. В