Во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја”, вечерва во Ново Село се одржа трибина на која присуствуваше министерот за здравство и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.На трибината Тодоров порача дека ова ќе биде најобемната програма досега понудена од било која политичка партија во Република Македонија.
Тодоров се осврна на состојбата која ВМРО ДПМНЕ ја затекна во 2006 година.
-Според податоците од Агенцијата за вработување, во 2006 година само во Струмица имало 13.232 вработени лица, а 19.433 невработени. Сериозно поголем број на невработени отлолку вработени лица. Денес во 2016 година во Струмица има 19.028 вработени лица и 11.500 невработени. Комплетно обратно од она што сме го наследиле. Слично е и во Ново Село и на ниво на цела држава, истакна Тодоров.
Во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ формирани се 4 тима кои ги собираат идеите од граѓаните и истите потоа се разгледуваат на партиско, но и на експертско ниво.
Пред бројните присутни на трибината во Ново Село, Тодоров порача дека во април 2016 ќе има избори на кои ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.На трибината Тодоров порача дека ова ќе биде најобемната програма досега понудена од било која политичка партија во Република Македонија.
Т