Со овации и песна беше дочекан Тодоров во Куманово. Пред Здружението на бранители во емотивен говор тој порача дека Македонија е нешто за што многу луѓе загинале, и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таа да биде нудена како на пазар.Видни емоции на публиката. Тодоров на младите, на ветераните и на хероите им порача дека останаа уште неколку дена, што на прсти се бројат.
„Не малтретираат веќе две ипол години, и се обидуваат да ја фрлат Македонија на колена. Пробуваат да покажат дека кај овој народ може да помине и нешто друго, предавство.
Овој народ може да прости се, но предавство не се простува во Македонија!
Нудат како да е нивно, како да го купиле со пари, а не разбираат дека нудат нешто за што многу луѓе се жртвувале и загинале, и за што многу мајки во црно се завиле. Тоа е тоа што никогаш нема да им го простиме. Не може да се нуди Македонија, таа не е на продажба. Тоа нема да го дозволиме.
Нашиот јазик е нашата гордост, нашиот идентитет, а нашиот идентитет е нашата нација. Нашата нација е гордата и исправена македонска нација.
Две ипол години се бориме за да дојдеме до ова. Две ипол години наоѓаа тактики и се обидуваа од петни жили да го спречат македонскиот народ да одлучи во Македонија. Смислуваат стратегии, трикови, изговори со цел на македонскиот народ да му го одземат сувереното право да одлучува во сопствената држава.
Но, 11 декември ќе биде новиот референдум, новиот празник на Македонија. Тогаш Македонците заедно ќе порачаат дека Македонија е независна и суверена држава. Македонија на Македонците.
Овде од Куманово, од овој спој на младо, на искуство и на херојство, оттука порачуваме: Македонија е се што имаме, отсекогаш ни била во срцето и за неа секогаш сме спремни да се бориме. Секогаш, сите, и млади, стари и ветерани, но, секогаш водени од тоа што за нас го направија нашите херои ќе застанеме да ја одбраниме татковината, а овој пат тоа ќе биде со масовна излезност кога македонскиот народ ќе каже НЕ за сите оние кои го продаваат националниот интерес, и НЕ на оние кои оставија армија стечајни работници, и ДА за Република Македонија!
За една, единствена, суверена, самостојна и независна република Македонија. За Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Република Македонија!“, порача Тодоров од Куманово.
Видни емоции на публиката. Тодоров на младите, на ветераните и на хероите им порача дека останаа уште неколку дена, што на прсти се бројат.