Тодоров: Железара ќе добие најсовремен мамограф, предвидена е набавка на уште 8 низ Македонија

Со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ имаме предвидено набавка на нов мамограф за здравствената станица Железара, изјави денес Никола Тодоров носител на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.-Тоа е мамограф кој ќе биде инсталиран и ставен во функција на сите пациентки во општината гази Баба, но и пошироко. Станува збор за најсовремен дигитален мамограф кој ќе биде надополнет со дополнителен апарат кој ќе се набави за здравствената станица, а тоа е ултразвук за ехо на дојка. Ракот на дојка е едно од најчестите малигни заболувања кај жените и од тој аспект се одлучивме да ставиме посебен фокус на набавка на оваа значајна опрема за рана дијаностика на најраспространетото малигно заболување кај женската популација, објасни Тодоров.
За таа цел покрај мамографот во Железара ќе се набават и дополнителни 8 мамографи низ Македонија, меѓу кои Битола, Куманово, Крива Паланка, Маврово Ростуше, Неготино… со што вкупниот број на мамографи кои се набавени и ставени во функција во последните две години и овие кои сега ќе се набават ќе изнесува 20 мамографи.
-Тоа е мамограф кој ќе биде инсталиран и ставен во функција на сите пациентки во општината гази Баба, но и пошироко. Станува збор за најсовремен ди

Пронајдете не на следниве мрежи: